Home » , » Бруклин Нетс: 2012/13 сезона

Бруклин Нетс: 2012/13 сезона

Written By Dragan on 23.9.12 | 14:06


Минатата сезона Њу Џерси Нетс беа на дното на тебелите. Тоа беше тим предводен од капетан Д-Вил и куп од неважни играчи, особено кога ќе го земете фактот дека Брук Лопез ја пропушти целата сезона, Џералд Валас неможеше да се најде себеси ниту во тие 20 натпревари што ги одигра за Нетс, а на Дерон Вилијамс му беше смачено да игра во таков тим веќе 2 сезоии. Нетси беа тим со многу слаба одбрана, тим што изнудуваше многу изгубени топки и тим што реализираше многу слабо од поле. Тим што заврши со рекорд од 22-44 и беше четврт најлош тим на истокот.

Лошата сезона дојде при крај, а Нетси и официјално го одиграа и последниот натпревар во Пруденшал центарот во Њу Џерси. Тие воедно ја завршија 35 - годишната авантура во Њу Џерси. 

Сега веќе не се Њу Џерси Нетс, туку "мрежичките" се селат во Бруклин, во ново-изградената арена, Барклајс Центарот.

Во оваа активна оф-сезона, Нетси навистина не изгубија ништо. Изгубија еден центарски ветеран во Јохан Петро, сензацијата од Д-Лигата минатата сезона - Џералд Грин и Ентони Мороу и ДеШон Стивенсон во трејдот за Џо Џонсон.

Микаил Прокоров изгради нова арена во Бруклин, а Били Кинг е веќе кандидат за да биде ГМ на годината. Нетси успеаа да го продолжат договорот со Дерон Вилијамс, што беше еден од најважните потези во историјата на овој тим. Но, и самиот Дерон Вилијамс изјави дека немал да продолжи со Нетс, доколку не се случеше трејдот на Џо Џонсон во истиот тим. Во средината на Јули се случи и еден од поголемите трејдови ова лето, кога Џо Џонсон беше донесен од Атланта Хокс во Бруклин Нетс. Дерон Вилијамс беше задоволен, Џо Џонсон уште позадоволен што ќе игра со плејмејкер од класата на Д-Вил. Нешто подоцна во летото, Нетси видоа дека веќе немаат шанси да го добијат Двајт Хауард во тимот и веднаш го продолжија договорот со центарот Брук Лопез. Покрај Лопез, договорот го продолжија и со Крис Хамфрис. 
Били Кинг чекор по чекор го надградуваше тимот, а во моментов клупата на тимот е една од најсилните втори состави во лигата. Го доведоа Реџи Еванс, најдоа замена за Д-Вил во С.Џ. Вотсон, го доведоа високиот шутер од Европа Мирза Телетович, а и ветераните Џош Чилдрес и Андреј Блеч.


3 клучни работи за Бруклин Нетс во наредната 2012/13 сезона:

1) Ејвери Џонсон мора да склопи конкурентна одбрана што ќе проработа.
Од кога е тренер на Нетси, Ејвери Џонсон отсекогаш имал негативен рекорд со тимот. Но, факт е дека Џонсон има талент и тренерска харизма. Кога веќе има талент, има сосема нов тим, Џонсон мора да го донесе тренерскиот талент до израз. 
Брук Лопез е офанзивно насочен центар и може да има проблеми дефанзивно. Лопез има историја и со повредите, па земете го во предвид тој факт и ќе дојдете до решение дека Лопез дефинитивно ќе има проблеми, поголеми или помали оваа сезона. Крис Хамфрис е подефанзивно насочен за разлика од Лопез. Крис е еден од најдобрите скокачи во лигата моментално, а може и да игра солидна одбрана на нискиот пост. Џералд Валас е исто така солиден дефанзивен играч. Џонсон ќе мора да бара многу од Валас, а можеби ќе треба да побара Валас да го прави истото што Андре Игуадала го правеше за Сиксерс последниве неколку сезони. Џо Џонсон ќе мора да се пронајде себеси во тимот што никогаш не играл заедно за многу брзо време, бидејќи знаеме дека Џонсон не е прво - класен дефанзивен играч. Дерон Вилијамс е лидерот на тимот и знаеме за што се е способен Д-Вил. Така да, Бруклин ќе мора да најде начин да игра силна одбрана, а веднаш кога тоа ќе се случи, тие имаат потенцијал со агресивен напад да пронајдат високо место во источната конференција. 

2) Џо Џонсон мора да се навикне да игра без топката во раце.
Пет години во Атланта Хокс, Џо Џонсон играше тешка изолација против противничката одбрана  и му беше дозволено во секое време да одигра еден-на-еден со противничкиот дефанзивец, а во некои ситуации дури и еден-на-три. Сега, мора да се привикне да работи повеќе на паркетот без топката, бидејќи Дерон Вилијамс ќе биде диригентот на теренот. Ова не значи дека Џонсон нема да се изолира со топката. Знаеме дека кога Џонсон ќе се загрее, знае да постигне многу поени за краток период, а може да биде и опцијата на Ејвери Џонсон во клучите ситуации.

3) Брук Лопез ќе мора максимално да го изработи неговиот дел од играта.
Веднаш штом Лопез потпиша максимален договор со Нетси беше уфрлен во групата на играчи кои се преплатени за улогите што ги играат во тимот. Но, размислите подобро. Факт е дека Лопез е еден од најдобрите офанзивни центри во лигата. Не сестран центар, но офанзивен. Има одлична шутерска способност за центар, одлична работа со нозете, чувство за игра и знае да заврши и да се "истури" на обрачот.
Со плејмејкер како Дерон Вилијамс, Брук Лопез ќе има многу шанси. Неговото подобрување со Дерон Вилијамс како плејмејкер најдрастично го забележивме првата полу-сезона, кога Дерон Вилијамс беше доведен од Јута во Њу Џерси. Единственото нешто на што треба да внимава Ејвери Џонсон е повредите, на кои лесно им подлегнува Брук Лопез.

Предвидувања: 
Рекорд: 47-35. Ова е повторно сличен рекорд на оној на Сиксерс, а како што кажавме носи од 4 до 6 место на истокот. Нема да биде шокирачки ако Нетси не одиграат и толку имресивно колку што се очекува од нив, бидејќи ова е само прва сезона што ја играат заедно. Доколку Дерон Вилијамс одигра на МВП ниво, тој лесно може само да ги одведе Нетси до плеј-офот. Но за понатаму, не се гарантира ... плеј-оф си е плеј-оф.

Стартна петоркa:
PG: Дерон Вилијамс
SG: Џо Џонсон
SF: Џералд Валас
PF: Крис Хамфрис
C: Брук Лопез

МВП на тимот: Дерон Вилијамс

0 comments:

Post a Comment