Home » , » Булс и Гибсон почнаа преговори за нов договор

Булс и Гибсон почнаа преговори за нов договор

Written By Dragan on 23.9.12 | 17:07

На Таџ Гибсон сезоната што следи ќе му биде 4-та во НБА, што значи дека Булси можат да му понудат продолжување на неговиот руки договор, како што направија со Дерик Роуз и Џоаким Ноа. 

Сепак, исто како во случајот со Харден, доколку Булси не постигнат договор за продолжување на соработката со Гибсон пред 31ви Октомври, Гибсон наредната сезона ќе биде ограничен слободен играч и ќе може да го тестира трансфер пазарот.

“Веќе некое време преговараме со ГМ на Булси. Гибсон несомнено би сакал да ја продолжи кариера во Булси.” - изјави агентот на Гибсон.

Според шпекулациите, Булси се трудат да ослободат доволно простор во селери капот за да можат да се обидат да доведат некој врвен слободен играч во летото во 2014, но дали тоа значи дека ќе се ослободат од Гибсон или пак ќе го задржат во своите редови останува да видиме. Од друга страна пак, извори велат дека Булси се цврсто решени да го задржат Гибсон и дека тој е исклучително ценет играч и дел од иднината на Булси, заедно со Роуз, Ноа и Денг. Останува да видиме на што ќе се одлучат од управата на Булси.

0 comments:

Post a Comment