Home » , » Лос Анџелес Лејкерс : 2012/13 сезона

Лос Анџелес Лејкерс : 2012/13 сезона

Written By Anonymous on 24.9.12 | 20:17

dwight-howard-kobe-bryant
Новата НБА сезона полека се приближува, и НБА лигата повторно ќе оживее, со тоа и нашата страна.Денес ќе ја продолжиме низата на претставување на тимовите за следната сезона, а на ред се ЛА Лејкерси.

Лејкерси лани немаа сезона за памтење, стигнаа до втората рунда на плејофот во која изгубија од Оклахома Сити Тандер со 4-1.Некои тоа го карактеризираа како добар резултат, меѓутоа добро е познато дека додека Лејкерси го имаат Коби Брајант во тимот ќе атакуваат на титулата.Сезоната ја завршија како 3ти во конференцијата, во првата рунда од плејофот се намачија со Денвер (4-3), а во втората загубија од Оклахома.Во скратената сезона запишаа 41 победа, но треба да се рече дека повеќето беа победи на домашен терен, и дека победите и поразите надвор до дома им се доста ниски односно високи, поточно 15-18.

Моменталниот ростер за 2012-13 сезона :

Коби Брајант, Стив Блејк, Еарл Кларк, Крис Духон, Девин Ибенкс, Пау Гасол, Ендру Гадлок, Џордан Хил, Двајт Хауард, Ентоан Џејмисон, Џоди Микс, Дариус Морис, Стив Неш, Ревис Нелсон, Роберт Скер, Грег Сомгој и Мета Ворлд Пис.

Пристигнаа :

Еарл Кларк, Крис Духон, Двајт Хауард (Орландо), Ентоан Џејмисон (Кливленд), Стив Неш (Феникс), Ревес Нелсон (УЦЛА), Роберт Скер (Гонзага) и Грег Сомгој (Калифорнија - Санта Барбара).

Заминаа :

Мет Барнс (ЛА Клиперс), Ендру Бајнам (Филаделфија), Кристијан Ејенга, Џош Мек Робертс (Орландо), Трој Марфи и Рамон Сешнс (Шарлот).

ГМ то на Лејкерс Мич Купчак најверојатно ги направи најдобрите потези ова лето.Прво од својот долгогодишен ривал, Санси, го доведоја еден од најдобрите плејмејкери на денешницата Стив Неш, а потоа од Орландо преку трејд го донесоја и Двајт Хауард.Се знаеше и пред време дека Лејкерси ќе го добија Хауард меѓутоа не сакаа да дадат премногу за него.Се споменуваше трејд Бајнам-Хауард, Бајнам, Гасол - Хауард, но сепак Купчак ја искористи својата способност и го даде само Бајнам и некој играчи со помала улога.Со тој потез одма Лејкерси се ставаа како едни од најголемите фаворити за титулата следната сезона.

Најголема предност им е тоа што ги имаат најдобрите играчи на две позиции, бек шутер и центар.Коби Брајант и Двајт Хауард.Исто така ни Стив Неш ни Пау Гасол не се за “фрлање“.Многу екипи ќе се плашат од високиот тандем Пау Гасол - Дват Хауард кој ќе доминира на двата краја на теренот.Можеме слободно да речеме дека Лејкерси оваа сезона ќе примаат помалку поени од лани (101.7).Исто така лани видовме одлична игра и соработка на високите играчи на Лејкерси и веруваме дека оваа година ќе биде подобра бидеќи Гасол веројатно ќе биде пасер на позиција на високо крило, а Хауард најдобар финишер меѓу центарите.Проблем лани беше шутот за 3 поени, а ќе се поправи со заминувањето на Бајнам и со доаѓањето на Џоди Микс и Стив Неш.

Најголем недостаток им е староста.Неш има 38 години, Брајант 34, Гасол 32.Бековски заедно имаат 72 години, а со тоа се и едни од најстарите, ако не и најстари.Ќе имаат проблеми со младите и експолизвни играчи на бековските позиции, но се надеваат дека Хауард ќе ги среди под кошот.Освен тоа тука е и ризикот на повреди, Хауард ќе отсуствува на почетокот на сезоната и ќе го пропушти тренинг кампот на Лејкерси.Исто така Мета Ворлд Пис не е оној стариот добар дефанзивец како некогаш, и прашање е каков ке биде во соблекувалната покрај толку ѕвезди и дали нивниот успех зависи од хемијата во тимот.

Прогноза :

Второ место во Западната Конференција

На Лејкерси ќе им треба некое време да се воиграат, меѓутоа по Ол Стар натпреварот се ќе дојде на свое место.

0 comments:

Post a Comment