Само неколку поединци ја допаднаа идејата да се продолжи и во наредните сезони да се игра скратена (лок-аут стил) сезона. Секако, таа идеја потекна кога комесарот Стерн се одлучи сезоната да ја скрати на 62 натпревара, односно конечно да ја започне сезоната, а се што можеше да понуди беа овие 62 натпревари од регуларната сезона.
Тренерот на Денвер Нагетс Џорџ Карл мисли дека Стерн треба да продолжи да го практикува системот на 62 натпревари во регуларната сезона.
“Мислам дека на комисионерот Стерн нема да му се допаѓа ова, но сепак мислам дека би било подобро да ја скратиме сезоната. Бидејќи кога почнуваме доцна во Октомври, луѓето се веќе навикнати да гледаат фудбал (американски фудбал). Кога сезоната лани започна на Католичкиот Божиќ, навистина ми се допадна таа идеја.“ - изјави Џорџ Карл.
Можеби скратената сезона не е ниту лоша идеја, но сите фанови сепак сакаат да гледат повеќе НБА кошарка. Кога сезоната веќе евентуално би се кратела, тоа сигурно не би значело и кратење на тренинг - камповите како лани. Бидејќи знаеме како скратен тренинг - камп се рефлектира врз физичката состојба на НБА играчите.
0 comments:
Post a Comment