Home » , » Торонто Рапторс: 2012/13 сезона

Торонто Рапторс: 2012/13 сезона

Written By Dragan on 25.9.12 | 14:15

Минатата сезона беше и стандардно лоша за Рапторс, со конечен рекорд од 23-43. Нивната офанзива повторно имаше проблеми да постигне поени, а да не беа Шарлот Бобкетс и нивната катастрофална сезона, Рапторс ќе беше најлошиот офанзивен тим во лигата. Сепак, тоа беше навистина фрустрирачки за нив. Имаа талент во Барњани и ДеРоузан што можеше да постигнува поени, но сепак и тоа не беше доволно за Двејн Кејси и неговиот тим. 

Но еве причина зошто фановите на Торонто треба да бидат возбудени за новата сезона. Го имаат прилично младиот и неискусен тренер во Двејн Кејси. Со помош на Кејси, Торонто играше драстично подобра одбрана минатата сезона, за разлика од минатото. Преминаа од тим со најслабата одбрана до пред 3-4 години во лигата, до тим со 12-та најдобра одбрана во лигата. И Рапторс играа силно секоја вечер. Барем се обидуваа. Но сепак, проблемот беше што навистина неможеа да постигнат поени во напад.

Освен разделувањето со Леандро Барбоса, тимот навистина не изгуби клучни играчи ова лето. Да потсетиме, Барбоса си замина минатата пролет, преку трејд кој го прати во плеј-оф тимот на Индијана. Се што може да се смета како клучно заминување после Леандро Барбоса, е име како Ражуал Батлер.

Торонто не изгуби воопшто, но доби многу ова лето. Со солидни пикови на драфтовите последниве 2-3 години, Торонто оформи солиден тим основан на млад талент. По уште една сезона во Европа, 5. пик на драфтот во 2011 година Џонас Валанкунас конечно ќе пристигне во Еир Канада центарот и ќе им се придружи на Торонто Рапторс во новата НБА сезона. Покрај Валанкунас лани, оваа година беа драфтувани Теренс Рос и Квинси Ејси. Да потсетиме дека Рапторс повторно имаа шанса за избор во топ 10-те пика на овогодинешниот драфт, а со 8. пик го одбраа Теренс Рос.
Без оглед на сиот млад талент, како најголемо засилување ќе биде Кајл Лаури. Лаури одигра одлична сезона, скоро на Ол-стар ниво минатата сезона со Хјустон. Вистински плејмејкер како Лаури ќе помогне многу за развојот на играта на центарот Валанкунас и Андреа Барњани. Покрај Лаури, Рапторс ги додадоа и Лендри Филдс и Џон Лукас III.


3 клучни работи за Торонто Рапторс во наредната 2012/13 сезона:

1) Колку добро ќе игра Валанкунас ?
Многу фанови на Рапторс се навистина возбудени за доаѓањето на Џонас Валанкунас од Литванија. И треба да бидат. Да потсетиме дека Валанкунас беше дефанзивна сила назад во неговите денови во Литванија и Европа. Но покрај се, немора да се поставуваат толку големи очекувања за младиот литванец. Тој нема да биде од големо значење за Торонто веднаш, во првите 2 месеци. Неговата игра прво треба да се навикне на НБА нивото, па потоа да очекуваме постојан развој, како и на тренинзите, така и на НБА натпреварите. Факт е и дека Валанкунас ќе има и вистински проблеми во борбите со НБА центрите. Знаеме дека во НБА лигата центрите се подефанзивно насочени, па тоа може да претставува проблем за офанзивата на младиот Валанкунас.

2) Нападот на Рапторс мора да се подобри.
Рапторс веќе нема да бидат 29. најдобар тим во офанзивна ефикасност. Не со Кајл Лаури како плејмејкер во тимот и со Хозе Калдерон како негова замена. Со плејмејкерсите способности на Лаури и Калдерон, со крилните избивања на ДеРоузан и со мекиот шут на Барњани од тројка или од високиот пост, Торонто ќе биде многу подобар на офанзива од минатата сезона. 
Но, сега прашањето е како Двејн Кејси ќе го склопи и ќе го постави младиот талент да делува како една целина, како еден тим. Ќе мора да им дава значајни минути на новите Теренс Рос и Џонас Валанкунас, нешто што ќе ги ослободи кон противниците со тек на време. Младиот Ед Дејвис влегува во својата трета сезона, а би требало токму тој да игра значајна улога од клупата. Со било какви ротации, тренерот Кејси ќе мора да воспостави било каква хемија меѓу своите играчи, а особено помеѓу младите и неискусните.

3) Андреа Барњани да остане здрав низ целата сезона.
Факт е дека италијанскиот центар на Торонто беше погоден од многу повреди во текот на својата НБА кариера. За пример, пропушти повеќе од половина сезона лани. Но, факт е и дека Барњани има потенцијал и талент за да прерасне во Ол-Стар играч. Токму заради тој талент беше избран за прв пик на драфтот во 2006 година, но повредите навистина не тераат да стекнеме поразлично мислење за него. Како и да е, кога Барњани е здрав тој е лидерот во нападот на Торонто. Среќата во Торонто ќе дојде кога - тогаш и ќе мора да се сврти барем малку кон здравјето на Андреа Барњани. 


Предвидувања:
Рекорд: 38-44. Ова е рекорд што би требало да ги остави во борбата за плеј-оф, но тешко дека ќе може до крај да опстанат со таа улога, бидејќи истокот секогаш е посилен од западот кога станува збор за плеј-оф борбата (сепак тоа не беше случајот минатата сезона). Во најлош случај ова може да биде рекорд со загарантирано 10то или 9то место на истокот. 

Стартна петорка: 
PG: Кајл Лаури
SG: Лендри Филдс 
SF: ДеМар ДеРоузан 
PF: Андреа Барњани
C: Џонас Валанкунас

МВП на тимот: Кајл Лаури

0 comments:

Post a Comment