Home » , » Док Риверс го очекува Бредли во декември

Док Риверс го очекува Бредли во декември

Written By Dragan on 25.9.12 | 14:43

Откако ја заработи повредата на рамото во минатогодишниот плеј-оф, очекувано беше Ејвери Бредли да се врати за стартот на тренинг - кампот на Селтикс. Потоа, очекувањата се спуштија и излезе во јавност дека тој ќе се врати на почетокот на сезоната, со можеби неколку пропуштени натпревари. Конечно, фанови на Бостон, очекувајте го Бредли како празничен подарок во зимскиот декември.

Тренерот на Селтикс Док Риверс даде интервју за „ESPNBoston.com“, во кое зборуваше и за враќањето на Бредли во тимот. 

Запрашан беше дали би имал можност Бредли да се врати за стартот на тренинг - кампот, а еве што одговори:

“Не. Не е ниту блиску до враќање за стартот на тренинг - кампот. Не сакам да поставувам временски лимити за повредените играчи и нивното враќање, но очекувајте да го видите Бреди во текот на декември, а има и добри шанси да се врати и во јануари.“

Ова не е идеално за Бостон, но не ниту толку лошо. Имаат идеална замена за него во Кортни Ли и Џејсон Тери, па разликата ќе биде само малку забележлива во одбрана.

0 comments:

Post a Comment