Home » , » Индијана Пејсерс: 2012/13 сезона

Индијана Пејсерс: 2012/13 сезона

Written By Unknown on 28.9.12 | 14:52

Минатата сезона беше навистина одлична за Индијана Пејсерс. Лери Брд и останатите канцелариски менаџер направија одлични потези и изградија тим што ќе биде меѓу топ 3-те тима на истокот оваа сезона. Играчите како Рој Хиберт и Пол Џорџ направија големи чекори нанапред, Дејвид Вест додаде редовност во својата офанзива, а Дени Грејнџер полека, но сигурно се враќа во Ол-Стар формата од пред неколку години. Одиграа и одлична сезона покрај се. Завршија како 3та најдобра екипа на истокот, со рекорд од 42-24.

Сепак плеј-офот беше место за докажување. Дали овој тим, така конструиран може да освои плеј-оф серии и да се пласира што подлабоко во крајниот епилог од сезоната. 
Лесно ги елеминираа Орландо Меџик во првата рунда со 4-1, а ги чекаше фаворитот за титулата во втората рунда, Мајами Хит. Индијана успеа некако да се избори за максимално водство од 2-1 по третиот натпревар, што беше се. Потоа ЛеБрон Џејмс и Двејн Вејд ги превзедоја работите во свои раце и се виде крајот на Пејсерс. Беа елеминрани во втората рунда од следниот шампион на НБА лигата, но тоа не треба да биде никакво разочарување....дури и покрај тоа што имаа и предност во одредени моменти. Овој тим докажа дека заврши со преградувањето и дека се префрла во следната класа на истокот: елитата. 

Индијана го трејдуваше Дерен Колисон за Далас Маверикс, што беше малку чуден потег. Колисон беше подобар офанзивен играч од Џорџ Хил, но овие двајца играчи неможеа да бидат на ист тим. Пејсерс заклучија 4 - годишен договор со Хил и тоа значеше крај на Колисон во Индијанополис. Донте Џоунс исто така си замина во Маверикс преку трејдот на Колисон, додека А.Џ. Прајс си потпиша со Вашингтон Визардс, откако не му беше понуден нов договор во Индијана.

Не изгуби многу, но Индијана не ни доби многу ова лето. Го драфтуваа Мајлс Пламли, а Јан Махими беше доведен преку трејдот со Далас. Д.Џ. Огустин беше доведен од Шарлот Бобкетс, а интересно засилување е и сензацијата од Д-Лигата минатата година со Нетс, Џералд Грин.


3 клучни работи за Индијана Пејсерс во наредната 2012/13 сезона:

1) Наоѓање на ефективна офанзива.
Пејсерс се уште еден тим од источната конференција со одлична одбрана и не-така добра офанзива. Имаат сестраност во тимот, млад талент, но немаат суперѕвезда. Дени Грејнџер е најдобар играч на тимот, но не е во форма на суперѕвезда. Пол Џорџ е играч кој е сеуште во развивање, а Дејвид Вест е веќе престар за да го носи тимот на грб. Мора да најдат редовен офанзивен играч, кој ќе постигнува поени за нив на скоро секоја позиција, т.е. ќе биде играч кој што може сам да си изнуди поени.

2) Џорџ Хил мора да ја најде својата улога во тимот.
Иако не беше доволно добар, Џорџ Хил не беше оспоруван минатата сезона поради промената на околината. Сега, кога доби максимален 4 - годишен договор, тој ќе мора да си стабилизира позиција во тимот меѓу првите класи. Неможе со споредна улога да биде суперѕвезда во тимот, но знаеме дека Хил е одлично освежување за тимот и дека може да игра солидна одбрана.  

3) Дозволете им слобода на "големите" момци.
Дејвид Вест знае ладнокрво на го уништува и убива противникот со своите ветерански потези во нискиот пост. Има солидна пост - игра, која не дојде до голем израз минатата сезона. Зошто ? - Затоа што офанзивата на Индијана оди преку движење на топката и шутеви од поле блиску до линијата за слободни фрлања. Рој Хиберт исто така се развива во топ - 5 центар во лигата, но нешто што го одделува од другите е недостатокот на одбрана. Зошто ? - Затоа што офанзивата на Индијана оди преку движење на топката и шутеви од поле блиску до линијата за слободни фрлања. Минатата сезона, Хиберт имаше неколку натпревари во кои апсолутно доминираше во нискиот пост и го надигруваше противникот. Исто така, Пејсерс имаат и центри како Тајлер Хенсброу и Јан Махими, играчи кои што можат да помогнат во развивање на внатрешната игра на Индијана.

Предвидувања:
Рекорд: 54-28. Ова е топ рекорд што ќе ги донесе Пејсерс повторно во топ 3-те тима на истокото, а со евентуалното отсуство на Чикаго Булс (Дерик Роуз - причини) може да бидат и втор најдобар тим после Мајами.

Стартна петорка:
PG: Д.Џ. Огустин
SG: Пол Џорџ
SF: Дени Грејнџер
PF: Дејвид Вест
C: Рој Хиберт

МВП на тимот: Рој Хиберт

0 comments:

Post a Comment