Home » , » Дулинг вели дека Рондо е втор најдобар играч во НБА. Зад Дурант

Дулинг вели дека Рондо е втор најдобар играч во НБА. Зад Дурант

Written By Anonymous on 28.9.12 | 15:35


Кејон Дулинг во едно интервју за “CSNNE.com“ дискутираше за кошарката и за неговиот престој во Селтикси.

Тој рече дека Рондо, плејмејкерот на Селтикси е втор најдобар играч во лигата после Кевин Дурант.

Нема збор дека Рондо е еден од најдобрите плејмејкери. Но Дулинг е пријател на Рондо, и реално е да вели така за него. Еве што вели тој.

“Тој од ништо прави нешто, тој од ништо прави нешто. Тој е втор најдобар играч во лигата. Можеби не играше во репрезентацијата, но оваа сезона ќе биде дел од Ол Стар тимот и ќе игра во стартната петторка. Тој е најнесебичниот играч што го знам. Тој скока, има ефект на играта и е во во најдобрите играчи во 5 статистички категории. Тој има повисок процент на шут од сите плејмејкери, и тие секогаш зборуваат дека неможе да шутира.“

Дулинг продолжи, :“Не само што мислам дека тој е најдобар втор играч после Дурант, туку мислам дека е и фантастичен лидер. Тој не се плаши од медиумите што зборуваат за него, тој само сака да игра кошарка. Тоа и го прави.“

Втор најдобар играч во лигата после Дурант ? Чувствувам дека некој е заборавен во овој разговор...

Само да забележиме, Рондо шутира 44.8 проценти од поле, 23.8 проценти од линијата за 3, и ако се соберат сите тој шутира 48.3 проценти. Па 44.8/23.8/48.3 за Рондо споредени со оние на Пол 47.7/37.1/58.1 или на Стив Неш 53.2/39/62.5. Го имаме видено Рондо како постигнува важни шутеви, но причината поради која луѓето викаат дека “нема шут“ е поради тоа што нема добар скок шут.

0 comments:

Post a Comment