Home » , » Предвидување за најголемите изненадувања за сезона 2012/2013

Предвидување за најголемите изненадувања за сезона 2012/2013

Written By Anonymous on 1.9.12 | 11:47


145038011_crop_exact
Технички кажано, секое предвидување за тоа кој или што ќе приреди изненадување во следната сезона ја уништува убавината на изненадувањето. Се знае дека суштината на секое изненадување е тоа што тоа излегува од нигде и никаде, без некој вистински да го очекува тоа.

Не е потребно да имаш кристална кугла за да предвидеш кои играчи и кои тимови ќе ги надминат сите очекувања.

Па, да погледнеме некои од изненадувањата кои најверојатно ќе ни ги приреди новата 2012/2013 сезона:

- Атланта Хокс
Новиот генерален менаџер на Хокс го даде Џо Џонсон на Бруклин Нетс, во замена за неколку играчи. Тој можеби со оваа постапка го подобри својот тим. Се знае дека Џо Џонсон е голем талент и се наоѓа меѓу првите 5 играчи во НБА кои играат на неговата позиција. Но присуството на Џонсон многу пати предизвикуваше стагнирање на нападот на Хокс. Многу често ја држеше топката во своите раце чекајќи времето од 24 секунди за напад да помине, а потоа шутираше од изолација.

Оваа стратегија ги исклучуваше другите играчи на Хокс од акција. Сега, кога Џонсон го напушти тимот, играчите на Хокс ќе можат да дозволат добра ротација на топката на паркетот. Со тоа ќе им дадат шанса на своите добри шутери, како што се Лу Вилијамс, Кајл Корвер и Ентони Мороу, да го завршат нападот со шут, посебно за 3 поени.

Исто така, се очекува и Џош Смит, Џеф Тиг и Ал Хорфорд да имаат одлична сезона.

- Чикаго Булс
Чикаго Булс, исто како и Хокс, ќе ја започнат новата сезона без својата ѕвезда во тимот. Само што, се разбира дека за брзо време, Булс ќе можат да го пречекаат назад својот најдобар играч, Дерик Роуз.

Во меѓувреме, Чикаго би требало да можат да се борат сами во силната Источна Конференција, без Дерик Роуз.

Веројатно Рип Хамилтон и Кирк Хајнрих ќе пропуштат неколку натпревари поради своите повреди, но и двајцата претставуваат искусни ветерани кои им се потребни на екипата на Булс за пребродување на невремиња. Покрај тоа, 27 годишниот Луол Денг, би требало да ја изигра една од неговите најдобри сезони досега. Булс најверојатно ќе бидат меѓу првите 4 најдобри тимови на Истокот.

- Дерен Колисон
Hi-res-139092109_crop_exact
Младиот Дерен Колисон има шанса да изигра една од своите најдобри сезони во својата кариера. Колисон најпрво играше во Хорнетс, каде што не можеше доволно да ги покаже своите квалитети поради Крис Пол. Потоа отиде во Индијана каде што доби поголеми шанси за градење на поуспешна кариера. Почнувајќи од следната сезона, тој ќе биде новиот играч на Далас Маверикс.

Таму ќе биде опкружен со многу талентирани играчи и добри поентери, како што се Дирк Новицки, О.Џ. Мејо, Шон Мерион и Крис Каман.

За прв пат во својата кариера, ќе добие можност да игра како стартер. Неговата игра многу зависи од тоа дали игра како стартер или замена. Погледнете ги и споредете ги следните податоци:

Играјќи како стартер:
13.6 поени, 3.1 скока, 5.9 асистенции, 37.1% шут од зад линијата за 3 поени

Играјќи како замена:
6.2 поени, 1.6 скока, 3.5 асистенции, 29.4% шут од зад линијата за 3 поени

0 comments:

Post a Comment