Home » , » Марк Џексон вели дека Реџи Милер е трет најдобар SG на сите времиња

Марк Џексон вели дека Реџи Милер е трет најдобар SG на сите времиња

Written By Dragan on 4.9.12 | 21:41

Легендата на Индијана Пејсерс Реџи Милер влегува во „Нејсмит Куќата на Славните“ оваа недела, а тоа е апсолутно и несомнено заслужено -- Милер е еден од најдобрите шутери на сите времиња во НБА.

Но, покрај тоа што ние го цениме поради тоа што знаеше многу често да погоди за тројка, Реџи Милер беше и играч кој знаеше да ја стави топката на паркет, да изнуди сопствен шут, да изнуди фаул, а беше и добар плејмејкер, знаеше да даде неколку пасови.

Како што влегува во објектот во кој се најдобрите играчи на сите времиња, каде е неговиот дефинитивен ранкинг покрај сите бекови во историјата на НБА ?

За разговор на таа тема беше расположен тренерот на Вориорс и поранешниот соиграч на Милер во Индијана Пејсерс, Марк Џексон.
Еве што кажа Џексон за позицијата на Милер во споредба со најдобрите играчи на SG позицијата :

“Кога ќе ги тргнете Мајкл Џордан и Коби Брајант настрана, Реџи Милер беше најспецифичниот SG во историјата на НБА лигата.“ - изненадувачки изјави Џексон.
Да видиме, покрај Мајкл Џордан и Коби Брајант, во разговорот несомнително влегуваат и следниве бекови кои оставиле белег низ историјата на НБА: Двејн Вејд, Реј Ален, Џери Вест, Клајд Дрекслер, Ален Ајверсон и Пет Маравиќ.

Во конкуренција со овие, никој не би кажал така лесно дека Реџи е најдобар веднаш после Џордан и Коби на бековската позиција ...


0 comments:

Post a Comment