Home » , » Жак Вон додаде 6 асистенти во неговиот тренерски екипаж

Жак Вон додаде 6 асистенти во неговиот тренерски екипаж

Written By Dragan on 4.9.12 | 21:03

Новиот тренер на Орландо Меџик Жак Вон го комплетираше својот тим од помошници со тоа што уфрли 6 асистенти.

Вон и генералниот менаџер на Меџик Роб Хениган изјавија во четвртокот дека тимот ги вработил Џејмс Борего, Вес Анселд Јуниор и Брет Ганинг, кои ќе му бидат главни асистенти на Вон. Ларон Профит и Лук Стаки ќе бидат задолжени за развивање на играчите, односно нивни прогрес, додека Гордон Чиса беше донесен како специјален консултант на Вон.

Борего ги помина последните две сезони како асистент во Њу Орлеанс Хорнетс. Анселд минатата сезона беше асистент во Голден Стејт Вориорс, откако на кратко беше асистент во Вашингтон Визардс. Ганинг минатите четири години ги помина во Хјустон Рокетс, каде што имаше повеќенаменска функција.

Профит играше четири сезони во НБА, а Стаки во минатите четири години беше кошаркарски тренер во средна школа во Калифорнија.

Тренинг кампот на Орландо Меџик официјално ќе биде отворен на 1-ви октомври.

0 comments:

Post a Comment