Home » , » ТОП 5 играчи кој беа потценети минатата сезона

ТОП 5 играчи кој беа потценети минатата сезона

Written By Anonymous on 28.9.12 | 14:43


Еве една одлична листа на топ 5-те играчи кои ги погодија високите стандарди за нив минатата сезона, но сепак не им беа фрлени рефлектори над нивните имресивни играчи.

Погледнете:

5. Никола Пековиќ - Минесота Тимберволвс
Статистика:

Поени: 13.4
Скокови: 7.1
Блокови: 0.6
Украдени топки: 0.6

На Пековиќ му е втора сезона како центар за младиот тим на "волците". Играјќи покрај скокачката машина Лав, сепак има преку седум скокови во просек иако игра нешто помалку од 27 минути. Просекот на реализирани шутеви му е завидувачки 56.1 %. Играчкиот рејтинг на ефикасност му е нешто над 20, што докажува дека го поминува поголемиот дел на теренот. Покрај играчи како Лав, Рубио и Вилијамс, Пековиќ и Волците се тим со голем простор за напредок.

4. Ерсан Илијасова - Милвоки Бакс
Поени: 12.8
Скокови: 8.5
Блокови: 0.7
Асистенции: 1.1

Илијасова минатата сезона беше во сенка покрај играчи како Џенингс, Богут и Елис, но несомнено тој е нивниот најдобар играч минатата сезона. Претстатвува тежок офанзивец за неговите чувари, а покрај неговата способност да игра на позиција PF и да се врати назад и да има убиствен шут за три поени (45.6 % изминатава сезона). Неговите скокачки карактеристики, 8.5 скокови по натпревар (10.9 во Јануари) и неговата разновидност во стилот на постигнување на поените имаат значајно напреднато и го доведоа до стартната постава и покрај тоа што е играч избран во втората рунда на драфтот.

3. Пол Милсап - Јута Џез 
Поени:16.8
Скокови: 8.7
Асистенции: 2.3
Блокови: 0.8
Украдени топки: 1.8

Милсап прерасна во еден од најдобрите крилни центри во лигата, иако е играч избран во втората рунда на драфтот. Играјќи во тим како Џез го повредува што неможе да дојде до препознавање на неговиот потенцијал, но не треба да се погледне пред одличната млада кариера која почнува да се составува дел по дел. Со млади, големи момци како Кантер и Фејвурс кои ќе чекаат на страничните позиции, ќе биде интересно како и дали Јута ќе се обиде да го задржи во својот состав ако се знае дека му истекува договорот на крајот на сезоната. Како одличен скокоач и со одлична ефикасност во натпреварите, Милсап дефинитивно заслужува повеќе од тоа што може Јута да му го понуди моментално.

2. Марчин Гортат - Феникс Санс
Поени: 15.8
Скокови: 9.8
Блокови: 1.5
Украдени топки: 0.7

Гортат полека постанува еден од најдобрите центри во лигата, ако се погледнат неговите скокачки и дефанзивни статистики како и ефикасноста во нападот. Засенет од Хауард и од Бајнам, после трејдот во Санс го изнесоа на патот да ги покаже своите квалитети, талент кој го донесоа до стартната петорка. Со 56.6 % на реализирани шутеви од поле и другите статистики Гортат е најдоброто нешто кое го има Феникс за да почне да гради тим околу него.

1. Тони Паркер  Сан Антонио Спарс
Поени: 18.6
Скокови: 2.8
Асистенци: 7.7
Украдени топки: 1.0

Паркер е најпознато име во групава, но сеуште нема признание кое го заслужува за своите перформанси. Три пати шампион и најмногу асистенции во својата 11 годишна кариера е најдобриот играч во западната конференција, предводејќи ги Спарс. Без навреда кон Дурант, Џејмс и Брајант кои имаат многу обожаватели тука, сепак за МВП трката Паркер реално беше далеку пред нив, предводејќи го неговиот тим до подобар рекорд, имајќи далеку помалку талент во ростерот на Спарс.

Да ги додадеме: Мајк Конли, ЛаМаркус Олдриџ, Џамер Нелсон, Ману Џинобили и Кевин Мартин.

0 comments:

Post a Comment