Од тимот на Гризлис оваа повреда ја соопштија во средата. Артур беше дел од тимот кој вежбаше во понеделникот, а повредата ја опиша како фрактура на неговата фибула во левото колено, откако беше тоа потврдено со "MRI" во текот на неделата.
Повредата ќе се оценува секоја недела и тој можеби ќе се врати малку порано од предвиденото ако се е во најдобар ред.
Артур не ја одигра минатата сезона поради повреда на ахиловата тетива во Декември.
Тој имаше просек од 9.1 поен по натпревар во сезоната 2010.
Во Гризлис, исто и центарот Хамед Хадади нема да биде во тимот поради повреда на прстот.
0 comments:
Post a Comment