Пред некој ден, Кендрик Перкинс излезе во јавноста со изјава дека Џејмс Харден е многу блиску до договор со Тандер и дека сите се согласувале на такво нешто.
Сепак, тоа беше само изјава на Перкинс од негова гледна точка во тимот, не дека тој е многу вклучен во разговорите за потпишување на Харден.
Еве што излезе во јавноста од страна на „ESPN.com“, на нивната Twitter страна :
“Без разлика на тоа што го рече Перкинс, Харден и Оклахома не се ниту блиску до договор. Харден сака да продолжи со нив, но сака максимален договор. Ќе видиме дали Оклахома ќе дозволи да потроши толку пари на Џејмс Харден.“
Тандер навистина се обидуваат да го потпишат Харден. Тие го сакаат. Но, проблемот е што покрај се, Џејмс Харден сака максимален договор (4 години, 58 милиони долари), а Оклахома се обидува да потроши што е можно помалку пари, за да заштеди што повеќе.
Доколку Харден не биде потпишан до 31. Октомври, што е последен ден од периодот за потпишвањата, тој следното лето ќе стане ограничен слободен играч, а сигурно ќе има и други тимови заинтересирани за неговите услуги.
Сега за сега, се ширеа гласини дека Маверикс и Рокетс се заинтересирани за Харден. Овие тимови сигурно ќе дадат поголем отпор кога ќе дојде редот тој да биде потпишан.
0 comments:
Post a Comment