Home » , » Што очекуваат Нетси од Мирза Телетовиќ ?

Што очекуваат Нетси од Мирза Телетовиќ ?

Written By Unknown on 27.9.12 | 15:09

Со тоа што се ближи стартот на новата НБА сезона, се почесто се анализирани тимовите и играчи. Интересно е секако да се слушне и да се прочита што Нетси очекуваат од новиот играч од Европа, Мирза Телетовиќ.

Американските медиуми се запознаени со кариерата на Телетовиќ и запознаени колку запазена улога имаше во европската кошарка. Играше за клубови од Белгија и Шпанија, како и за репрезентацијата на БИХ и постигнуваше многу поени, а од него се очекува да погодува и во новиот тим.

Во НБА, тип на играчи како Телетовиќ се нарекуваат "stretch four", или "распространета четворка (PF)". Тоа значи кошаркар кој игра на позицијата 4, а поседува вештини кои не се својствени за само таа позиција. Вакви играчи се многу ценети во НБА во последните години.

Меѓутоа, постои и тоа може на Телетовиќ негативно да влијае на минутажата, а тоа е неговата одбрана. Во Европа ретко тоа беше негова задача, а не е познат како претерано добар дефанзивец. Тој сам го призна тоа на конференцијата по доаѓањето во Нетси.

“Секогаш постои одбрана“ - одговори кратко Телетовиќ на прашањето од новинарите, за тоа  што би посакал да го подобри во својата игра.

“Мислам дека можам многу да се подобрам во одбрана и ќе пробам да го направам тоа.“

Исто така, Телетовиќ не асистира пречесто, но тоа не се очекува од него. Со својте 206 цм, Телетовиќ е низок за НБА центар и исто така висок за другите позиции, со тоа најверојатно повеќето од минутите ќе ги помине на позицијата PF, која е кај Нетс најпокриена позиција. За минутажа ќе се бори со играчите Брук Лопез, Крис Хамфрис, Реџи Еванс, Андре Блеч и Џералд Валас.

Телетовиќ потпиша 3 годишен договор со Нетс, а тоа докажува дека од него се очекува многу во иднината, но ќе мора да поработи на некои сегменти во неговата игра, особено на одбраната за да стане незаменлива алка во играта на Нетси.

0 comments:

Post a Comment