“Во ЊуЈорк очигледно и понатаму живеет како во 1995 година. Иако денес е 2012 година, го ангажираа Курт Томас (40) Џејсон Кид (39), Маркус Кемби (38) и Пабло Приџонија (35). Незнам што мислат да прават со нив. Да биде јасно, јас ги почитувам многу но тие се ветерани згора на тоа, нивните кариери се многу блиску до крајот“ - рече најголемиот зборувач во историјата на НБА, како што беше наречен од страна на американските медиуми.
Чарлс Баркли за време на неговата кариера ги носел дресовите на Филаделфија Сиксерс, Феникс Санс, Хјустон Рокетс, но не успеа да земе шампионски прстен.
Како член на Американската кошаркарска репрезентација има 2 златни олимписки медали од Барселона 1992 и Атланта 1996.
0 comments:
Post a Comment