Home » , » Џејлен Роуз призна дека намерно го повредил Брајант

Џејлен Роуз призна дека намерно го повредил Брајант

Written By Anonymous on 19.9.12 | 14:07


jalen-rose
Пензионираниот НБА кошаркар Џејлен Роуз вчера изјави дека намерно го повреди Коби Брајант во НБА финалето во 2000 година.

Роуз зборувше за Грантланд и призна дека во вториот натпревар од финалната сезона во 2000 година, играна помеѓу Лејкерс и Пејсерс намерно ја ставил ногата под Брајант за тој да се повреди при доскокот од шутот. Тоа и се случи, Брајант го повреди глуждот и мораше да го напушти натпреварот по само 9 минути на паркетот.

“Финале 2000 година, Брајант шутира, јас ја кревам раката за да го одбранам тој шут“ - почна Роуз. “Коби доскокнува на мојата нога, го напушта натпреварот и седејќи го догледува. Мислам дека го направив тоа намерно. Не можам да речам дека тоа беше случајност.“ - додаде Роуз.

Во тој натпревар сепак Лејкерси победија 111-104 и ја зголемија предноста на 2-0 во финалето, но затоа не можеа да слават во следниот натпревар, кој го пропушти Брајант, а Пејсерси славеја со 100-91. Сепак повредата не беше сериозна, па Брајант се врати во 4. натпревар во кој Лејкерси по продолжението славеа со 120-118, а Коби постигна 28 поени и докажа дека повредата не оставила трага на него. Лејкерси славеа со конечни 4-2 во серијата и ја освоија титулата, а Брајант и Шек ги освоја своите први прстени.

Роуз додаде дека Брајант му го запамтил тој потеги му се одмаздил во 2006тата година кога Роус играше за Торонто, а Брајант безмилосно го наполни кошот на Торонто и постигна 81 поен.

0 comments:

Post a Comment