Далас по златните денови во 80тите, полека паднаа на дното на Западот. Беа многу слаби и во текот на 90'. 8 пати по ред не влегуваа во плеј-офот. Меѓутоа, со драфтувањето на германското чудо од 1998 година и со доаѓањето на контраверзниот сопственик Марк Кјубан, работите почнаа да се ставаат на своето место. Веќе во 2001 година Далас влегува во плеј-офот, но секоја сезона го повторуваа истиот успех. Западот тогаш беше многу силен, па секогаш остануваа со кратки ракави и не можеша подалеку од финалето на конференцијата.
Во сезоната 2003/04 влегоа како минатогодишни финалисти на Западот, а ги исфрлија најголемите ривали, соседите Сан Антонио Спарс. Тогаш најдобрата тројка на лигата Неш-Новицки-Финли ги однесоја Мавси на самиот врв. Веќе споменатиот натпревар против Соникси беше една од причините за оптимизам и позитивен дух во стручниот штаб на Мавси. Далас како гостин во натпреварот влезе со скор од 28 победи и 16 порази, додека споменатите Соникси во натпреварот влегуваа со скор од 22 победи и 20 порази. Тогаш Соникси беа предводени од Рашард Луис и Реј Ален. Сите очекуваа добра пресметка со многу поени и контри - Соникс и Маверикс тогаш беа во најдобрите офанзивни тимови во лигата.
На почетокот од натпреварот веднаш се виде филозофијата на два тима - што повеќе поени од транзиција, шутирање тројки и одбрана на високо ниво. Далас во поголемиот дел од акциите играше со pick-and-roll или pick-and-pop игра, преку Неш и Дирк, а кога не им успеваше тоа, многу добрите индивидуалци (Финли, Хауард, Џејмисон) некако би успеале да погодат. Новицки првото полувреме го заврши со 17 поени и играше многу агресивно - со три погодени тројки, неколку пати ја разби одбраната на Соникси и беше најдобар играч на паркетот. Но веќе во второто полувреме почна школувањето на Дирк за Соникси.
На почетокот на второ полувреме веднаш даде 2 тројки, но Соникси потоа вратија со 4 погодувања - натпреварот беше изедначен, а се играше атрактивна напаѓачка игра со доста постигнати поени. Иако за домаќините влегуваше се, Дирк беше незапирлив, на публиката во Киј Арена им ја пружи најдобрата и најлудата шутерска предства таа година. Само во третата четвртина погоди 5 тројки од 5 обиди, а на почетокот на 4/4 имаше 35 поени, што му беше рекорд таа сезона.
Крајот на натпреварот донесе драма која само НБА може да ја понуди - на половина минута до крајот Соникси имаа водство од 116-113, а тогаш на сцена настапи Неш кој ладнокрвно погоди тројка од 8 метри. Соникси од друга страна промашија, а во скокот го фаулираа Дирк кој неочекувано ги промаши двете слободни фрлања. Соникси имаа уште една шанса за победа, но Мајкл Финли го блокира Реј Ален. На семафорот пишуваше 1.6 секунди до крајот, се се сведуваше на продолженија. Мавси имаа нешто повеќе од 1 секунда за чудо, а тогаш на сцена стапи Ентони Вокер кој по додавањето од Финли погоди “фејдер“ и ги однесе Мавси до победа.
Дирк на крај заврши со 43 поени, со шут од игра 16-22. Погоди 8 тројки од 11 обиди и ова му е рекорд во кариерата по бројот на погедни шутови од линијата 7,25. Далас таа сезона испаднаа веќе во првиот круг од плејофот, а беа исфрлени од Кингси кои ги победија во 5 натпревари.
0 comments:
Post a Comment