Home » , , » Рондо мисли дека трите клучни работи за титула се одбрана, скокови и допирање на ЛеБрон

Рондо мисли дека трите клучни работи за титула се одбрана, скокови и допирање на ЛеБрон

Written By Dragan on 4.9.12 | 16:38

Ѕвездата на Бостон Селтикс Ражон Рондо, сега е на Ред Бул кампот кој го спонзорираат во Хонг Конг и даде интересно интервју. Тој разговараше за својата адаптација во Бостон и за тоа што им треба на Селтикс за да освојат титула.


“Ние не бевме шампионски тим, но се боревме во секоја рунда“ - вели Рондо. “Има неколку нешта што треба да ги направиме, а најочигледно е да го запреме Леброн Џејмс. Но тоа е полесно да го кажеш отколку да го направиш. Треба подобро да играме под обрачите, да ги држиме подалеку од рекетот противнице. Тоа не се важи само за Мајами, туку за сите. Мораме повеќе да скокаме и подобра одбрана да играме.“ - додаде Рондо.
Рондо е во право за двете работи. Да видиме каде греши.

Вели дека треба да се запре ЛеБрон Џејмс. Тоа е точна работа, со оглед на тоа дека Џејмс буквално ги уништи во конференциските финалиња оваа година. Доколку одбраната на Селтикс пушти повеќе притисок, ЛеБрон Џејмс можеби нема да игра како што тој знае, но затоа Мајами има повеќе оружја. Тука е ризикот од кој се плаши Док Риверс.

Дека треба да имаат повеќе скокови е исто така точна работа, иако во главно ги победија и Атланта и Филаделфија под обрачите во овогодинешниот плеј-оф. Немаа ни позначителни проблеми со Мајами, но кога Бостон игра со пониска постава, односно со вториот состав, тука доаѓаат грешките на дефанзивниот крај под обрачите. Џеред Салинџер и Џеф Грин би требале да помогнат во тој оддел следнава сезона, со оглед на тоа дека и двајцата ќе играат одредена минутажа од клупата.

Рондо згреши во тоа што кажа дека Селтикс треба да играат подобра одбрана. Нормално, од повеќе нема штета, но Селтикс лани беа 4. најдобар дефанзивен тим во лигата, со 95.5 примени поени на 100 позиции на противникот. Што значи дека проблемот не е во одбраната на Селтикс, туку во нападот, офанзивата.
Бостон беа шести најлош офанзивен тим минатата година и постигнуваа по 89.9 поени во 100 позиции. Голем проблем во нападот беше тоа што буквално никој освен Ражон Рондо не трчаше во контра-напад, а тоа е всушност најголемата и најлесна шанса да се постигнат поени.

За Селтикс да освојат титула, треба да има повеќе поени на натпреварите. Џејсон Тери и Џеф Грин би требало да се погрижат за таа работа, но и Пол Пирс е познат по својата снаодливост на офанзивниот крај, иако е веќе во постарите години.

0 comments:

Post a Comment