Home » , » Чилдрес, Ред и Пиетрус сеуште се без тим

Чилдрес, Ред и Пиетрус сеуште се без тим

Written By Dragan on 4.9.12 | 16:49

Останаа уште тројца ветерани на маркетот за слободни агенти, а тоа се Мајкл Петрус, Џош Чилдрес и Мајкл Ред.

Ниското крило Џош Чилдрес, кого го амнестираа од Феникс да го потпишат Луис Скола, продолжува да чека за работа. Според извори, тој би требало да заврши во Вашингтон Визардс.

Исто така, тим за потпишување чека и Мајкл Ред, кој поради повреда немаше добра сезона во Санс минатата година. Ред има голем потенцијал бидејќи е еден од ретките кој може да придонесе многу од клупата за резерви. За него беа заинтересирани Булс, но ништо официјално нема. Други тимови се интересираат за него: Визардс, Гризлис, Нагетс и Тандер.

Французинот Мајкл Пиетрус е исто така уште еден ветеран, кој не успеа да потпише со својот стар тим. Во Бостон не го сакаат повеќе, а најверојатно Пиетрус ќе потпише за Милвоки Бакс.

0 comments:

Post a Comment