Home » , , » Повторно целосна НБА сезона на прагот

Повторно целосна НБА сезона на прагот

Written By Dragan on 25.9.12 | 16:18

Локаутот уништи многу од мината сезона, но најмногу се почувствува на ритамот на НБА лигата. Ритамот на играчите, ритамот на самите натпревари беше уништен. Затоа и бевме сведоци на натпревари со многу малку поени, чести повреди на играчите, со исклучок на Коби Брајант, кој цела сезона ја играше со повреден прст и беше пример за како треба "машки" да се игра.

Но сето ова ќе го снема оваа сезона, откако за една недела ќе почне тренинг - кампот каде ќе можат тренерите перфектно да си ги разработаат тактиките, да проценат кој играч заслужува какво место во тимот.


Во продолжение направивме листа на "Не можам да дочекам" работи за следнава сезона, односни работи кои сите ние како фанови на НБА лигата сме нестрпливи да ги видиме.

Кајри Ирвинг во својата втора НБА сезона
Минатата скратена сезона беше прва за 20 - годишниот дебитант, кој покрај неговата младост покажа огромна зрелост во одредени моменти, а оваа сезона очекувам да "експлодира" и да му овозможи на Кливленд борба за место во плејоф-от во источната конференција.

Врската помеѓу Андре Игуадала и Џорџ Карл
Андре Игуадала одлично се вклопува во профилот на играч кој го преферира Карл. Дефанзивно ориентиран, добар во нападот - но не да форсира, а најважно од се, Иги е интелигентен играч. Со Џавејл МекГи позади него и Тај Лосон пред него, Андре може да биде последното делче од сложувалката на Џорџ Карл за успех и пласман во големото финале.


Новата арена на Бруклин Нетс - Барклајс Центарот
Брилијантно здание во центарот на Бруклин, место кое се нема радувано на професионална спортска екипа од далечната 1957, кога последен пат настапувале Бруклин Доџерс во бејзбол лигата. Така да сите оние кои живеат таму со голем ентузијазам го очекуваат почетокот на сезоната во НБА, а се претпоставува и дека оваа сала би била една од најпосетените и најгласните во цела лига.

Кам - бекот (враќањето) на Брендон Рој
Можеби не бил еден од најдобрите (како Брајант, Џејмс, Дјурант, Вејд, Пол...), но своевремено можеше да се каже дека е веднаш зад нив. Сепак 22 поени, 5 скока и 5 аистенци по натпревар е за респект (најдоброто сезонско постигнувањ на Брендон) и по најавата за негово враќање сите се нестрпливи да видат дали повторно може да ги остварува тие бројки по натпревар.

Комплтена сезона на Стефан Кари
Минатата недела доби зелено светло од докторите на Голден Стејт Вориорс за враќање на терените. Истото се очекува и со центарот Ендру Богут, па доколку отприлика овие двајца настапат, да речеме на 140 меча вкупно (знаејќи ги нивните претходни искуства со честите повреди) можат да бидат сериозна закана во Западната конференција. Затоа не само Стефан Кари, туку и Голден Стејт како тим ќе бидат интересни за гледање.

Дерик Роуз повторно назад на терените

МВП на сезоната пред две години, а минатата скоро цела ја пропушти поради повреди. Со само 24 години, цела кариера е пред него, а има потенцијал да биде еден од најголемите. Премногу ми недостигаа неговите експлозивни влезови, постигнати кошеви од тешки позиции и положувања својствени само за него. Можеби нема да биде во составот на Чикаго од самиот почеток, но очекуваме барем малку Роуз - шоу во плеј-офот во дресот на Чикаго Булс.

Големата четворка на ЛА Лејкерс

Двајт Хауард, Стив Неш, Пау Гасол и се разбира незаменливиот Коби Брајант во еден ист тим. Кога ќе го додаме и Мета Ворлд Пис (поранешен Рон Артест), се добива петорка од соништата. Но, како ќе успее Мајк Браун да ги "сплете" конците на тимот, останува да видиме. Некои предвидуваат реприза на 2004 година и Дрим тимот составен од Мелоун, Пејтон, Шек и Брајант, но некои очекуваат и "прошетка" на тимот од Лос Анџелес до шампионската титула.


Стартот на сезоната е на крајот на Октомври, па НБА фанови, почекајте уште месец и некој ден за почеток на спектаклот наречен НБА. Многумина мислат дека оваа сезона ќе биде една од најнеизвесните, највозбудливите и најквалитетните во поновата историја.

ПРЕВЗЕМЕНО ОД:
http://klizac.com/


0 comments:

Post a Comment