Home » , » Ражон Рондо веќе има голема улога во лидерството на Селтикси

Ражон Рондо веќе има голема улога во лидерството на Селтикси

Written By Anonymous on 25.9.12 | 16:23

Со сите стаии за тоа колку Бостон се подобриле или влошиле ова лето со разделувањето на Реј Ален, сепак дознавме нешто за тоа кој го презема лидерството во тимот на Селтикси.

Тоа доаѓа од следново интервју со Док Риверс за „ESPNBoston.com“.

“Рондо имаше одлично, одлично лето.“ - вели Риверс.“Тој се прилагоди на новите играчи и тие одлетаа за Лос Анџелес каде ќе тренираат заедно. Тие тренираат од 4 до 5 часа дневно. Пол и Кеј-Џи исто така се таму, но Рондо ги држи Џејсон и Кортни како да се дел од тимот подолго време.“

“Тој ми се јави и ме праша за оваа идеја. Ми се допадна, само поради тоа што тој ја организираше.“

Тие играат во UCLA, што е дом на еден од најдобрите летни тимови во НБА лигата. Многу луѓе и НБА играчи тренираат во тренинг - кампот на Северна Калифорнија.

Ова е добро за Селтикси, најважно е дека се држат заедно.

0 comments:

Post a Comment