Home » , , » Можат ли Репторс до плејофот ? Кајл Лаури вели да !

Можат ли Репторс до плејофот ? Кајл Лаури вели да !

Written By Unknown on 30.9.12 | 20:23

Каква штета за Торонто Репторс ... се наоѓаат во дивизија со Селтикс, Никс, Нетс и Сиксерс. Четири загарантирани плејоф тимови. Ако ги ставиме во игра и Мајами Хит, Индијана Пејсерс и уште неколку тимови од другите сериозни дивизии, тогаш за Торонто останува оној трнлив и тежок пат до пост-сезоната оваа година.

Но, Кајл Лаури мисли поинаку !

По сугестијата дека Торонто Репторс можат да ги изненадат луѓето, Лаури, исто како и Калдерон и останатите играчи веруваат во плејоф авантурата на својот тим.

“Да се биде глава на змијата“ - изјави Лаури, кога беше прашан на какви достигнувања се надева во Канада ?
 “Само да се биде таму горе... Се започнува со плејмејкерот и се додека јас го правам она што се очекува од мене - брзи контри, пресинг, комуницирање, гласност и агресивност, моите соиграчи ќе го чуваат мојот грб. Знам дека ако ме видат како работам напорно и тие ќе работат исто толку напорно за мене, во позадина.“ - додаде Кајл Лаури.

Ставете го ова во категоријата “Што друго би можел да каже!?“. Јас лично не би го ставил мојот облог на Торонто Репторс.

Да, Торонто ќе бидат доста напреднат тим. Потценете ги покрај таков распоред и тие ќе ве победат. Знаат да одиграат одбрана и имаат играчи како Андреа Барњани, ДеМар ДеРозан и Кајл Лаури, кои знаат како да го наполнат противничкиот кош.

Но, за да стигнат до плејофот, Кајл Лаури и Хозе Калдерон ќе мора да имаат повеќе од успешни сезони, поточно ќе мораат да се надминат себеси, а Џонас Валанчунас и Теренс Рос нема да смеат да играат како дебитанти. Исто така, некој ќе мора да направи голем исчекор напред проследен со висок просек на поени, а и повредите ќе треба да изостанат.

Сумирано, добиваме голем број на сложувалки кои треба да се поклопат во мозаикот на единствениот Канадски НБА тим, за работите да тргнат на подобро. Торонто - среќно!

*Да се потсетиме и на најавата за новата 2012/13 сезона на Торонто Репторс. Прочитајте ја !

0 comments:

Post a Comment