Home » , » Брендон Рој : “Се оди според планот“

Брендон Рој : “Се оди според планот“

Written By Anonymous on 18.9.12 | 14:04


Брендон Рој вели дека неговото закрепнување од повредата на коленото оди потполно според планот и би требало да биде спремен за новата сезона.

Новиот бек на Минесота во еден момент беше пензиониран, но се одлучи да проба уште еднаш и таа шанса му ја дадоја Минесота Тимберволвс, потпишувајќи договор со него.

“Се чувствувам добро, подобро од предходните години. Го чувствувам коленото, тоа е важно. Тренирам добро и многу сум среќен. Само нека остане вака.“ - вели Рој.

Рој не одигра ниту еден меч минатата сезона, а неговата рехабилитација ја надгледува докторот Дејвид Аделман и сигурно многу повредени играчи ќе ја пробаат постапката на Рој.

0 comments:

Post a Comment