Критиките се од типот: "Кај се ѕвездите? Оној судија го ограби. Зашто прават толку промени?"
Но, знаете за што никогаш немало поплаки? За натпреварот во шутирање тројки. Едноставно е перфектен. Нема контроверзии кога е во прашање судењето и како најважно од се, сите најдобри шутери сакаат да настапуваат. Затоа во изминатите години листата на победници изгледа вака.
Но за жал, секогаш постои само еден победник во годината, што значи дека некои одлични шутери ќе останат со празни раце.
Ви ги претставуваме 5-те "тројкаши" кои никогаш не ја освоиле оваа награда, а оставиле свој печат во НБА историјата како едни од најопасните позади линијата за 3 поени.
5. Хјуберт Дејвис
Учествувал 3 пати 1996, 1998 и 2000, а најблиску бил 1998 кога во финалето загубил од Џеф Хорначек
4. Денис Скот
Учествувал 2 пати 1991 и 1996 а најблиску бил 1996 кога во финалето загубил од Тим Леглер
3. Рашард Луис
Учествувал 3 пати 2001, 2004 и 2009, а најблиску беше 2009 кога во продолжение загуби од Декуан Кук
2. Стив Неш
Учествувал 3 пати 2001, 2002 и 2008, а најблиску беше во 2002 кога во финалето загуби од израмнетите Весли Персон и Пеџа Стојаковиќ (кој подоцна победи)
1. Реџи Милер
Учествувал рекордни 5 пати и тоа во 1989, 1990, 1993, 1995 и 1998, а на два пати се нашол во финалето и на два пати губел со само еден поен од Хоџис (19-18) и од Глен Рајс (17-16)
ПРЕВЗЕМЕНО ОД:
http://klizac.com/ |
Drazen petrovic 91-92ra,92-93ta najdobar procent na realizacija na 3ke a ne pobedil na 3 point shootout u 1992 u orlando
ReplyDelete