“Јас сум оптимист околу постигнување на договорот. Ние мислиме дека се ќе помине во најдобар ред и дека до 31. Октомври двете страни ќе се договорат“ - изјави Ленс Јанг, агентот на Кари.
Тие се надеваат дека Кари ќе биде одличен во предсезоната и во тренинг кампот. Тој ќе ја започне новата сезона со повредата на коленото кое го мачеше минатата година, а Вориорс најпрво ќе сакаат да го видат како ќе одигра, а потоа ќе размислат за договорот.
Но предсезоната не е единственото нешто што Вориорс ќе гледаат да го направат. Ако двете страни не се договорат околу новиот договор тој ќе биде слободен агент наредното лето, што ги става во ситуација да го стават на трејд. Тоа ќе биде голем ризик бидејќи ако одигра одлично оваа сезона, неговата цена ќе скокне драстично.
0 comments:
Post a Comment