Но ова лето, тимот на Тимберволвс стана подлабок и подобар. Брендон Рој, Андреи Кириленко, Грег Стимзма, Лу Адмундсон и дебитантот од Русија Алексеј Швед (кој играше импресивно на Олимписките Игри) пристигнуваат во Минесота.
Од неодамна, Лав е позитивно настроен кога зборува за неговиот тим и често го споменува плеј-офот. Тоа го стори и во вторникот:
“Имам верба во овој тим. Имам верба во тоа што го сторивме ова лето.“
Лав зборуваше за длабочината на тимот, зборуваше за кохезивноста во соблекувалната (нешто што недостасуваше минатата година). И продолжува да зборува за тоа дека оваа година ќе успеат да стигнат до плеј-офот :
“Навистина мислам дека имаме добри шанси да стигнеме до плејофот.“ - вели Лав. “Доколку некој вели спротивно, мислам дека треба да излеземе и да се докажеме.“
Ќе мора да се докажат. Не затоа што некој зборува против нив, туку поради длабочината на Западната конференција, каде што ќе мораат да победат тимови како Далас Маверикс и Јута Џез (доста добри тимови) за да освојат плеј-оф место.
За наша среќа, времето за зборување е речиси завршено.
0 comments:
Post a Comment