Home » , » Луал Денг продолжува со летните активности

Луал Денг продолжува со летните активности

Written By Dragan on 5.9.12 | 11:50

Луол Денг, крилото на Чикаго Булс, по Олимписките Игри во Лондон ова лето отиде во нови потфати пред сезоната во НБА.

Заедно со седум други НБА играчи, Денг беше учесник оваа година на кошаркарски камп во Африка - „Кошарка без граници“, што се одржа во Јоханесбург, Јужна Африка. Прв пат Денг учествуваал во овој настан во 2006 година.

Тој е задоволен од напредокот на изминатите 6 години.

“Претходно, само момчињата учествувале. Сега постојат и девојки. Тоа е дефинитивно забележлива разлика.“ - вели Денг.

На настанот уште учествувале и Серж Ибака, Табо Сафалоуша, Ник Колисон и Кол Олдрич од Оклахома Сити Тандер, Лук М'бах а Муте од Милвоки Бакс и С.Џ. Вотсон од Бруклин Нетс.

М'бах а Муте (по потекло од Камерун) за првпат го искусил играњето на кошарка на овој турнир во 2003 година, за да во 2009 година се врати како играч во НБА. Редовен учесник на тие игри е уште поранешната НБА ѕвезда Дикембе Мутомбо.

0 comments:

Post a Comment