Home » , » Клиперс го промовираа Гери Сакс за заменик - претседател

Клиперс го промовираа Гери Сакс за заменик - претседател

Written By Dragan on 5.9.12 | 12:55

Лос Анџелес Клиперс во понеделникот го промовираа Гери Сакс како потпретседател на кошаркарските задачи во тимот.

Сакс, кој беше директор на кошаркарскиот персонал ја превзима работата на Нил Ошли, кој го остави тимот во предсезонскиот период за да стане генерален менаџер на Портланд ТреилБлејзерс.

“Гери Сакс беше вреден и лојален член во нашата организација изминативе 18 години. Неговата улога во овој продуктивен летен период како и придонесите од негова страна за време на неговиот мандат без сомнеж разјасни дека тој е вистинската личност да го води одделот на кошаркарски задачи.“ – изјави претседателот на Клиперс Енди Росер.

Сакс ја започнува својата 19-тата сезона со Клиперс, од кои последните две сезони имаше функција на директор на кошаркарски персонал и како директор на скаутинг одделот, асистент и директор на кошаркарски персонал во последните пет сезони.

“Возбуден сум што завземам нова улога во организацијата. Имаме многу силен состав помешан со талент што ветува големи нешта. Со нетрпение чекам да почнам со мојата работа за да му помогнам на тимот да напредне и да ги зголемиме успесите кои беа постигнати минатата сезона. Многу сум возбуден и сакам да видам до каде можеме да стигнеме сезонава, плус сите сме добро позиционирани за иднината.“ - изјави Сакс.
“Ја ценам довербата која ми беше доловена од страна на г-динот Доналд Стерлинг и мило ми е што ќе продолжам да соработувам со тренерот Вини Дел Негро и Енди.“ - додаде Гери Сакс.

Минатата недела Блејк Грифин го пофали тимот за добрата работа во предсезонскиот период каде што Клиперс се зајакнаа со доведување на Ламар Одом, Грент Хил и Џамал Крафорд, како и продолжувањето на договорот со Чонси Билапс. Исто така изјави Сакс требаше да го превземе место веднаш по напуштањето на Ошли и дека голема улога на сите овие појачувања имал токму Сакс. Еве што поточно Грифин изјави во врска со тоа.

“Јас мислам дека времето си го кажа своето. Тој е во Клиперс веќе долго време и сами можете да се уверите како се справи со работите откако Нил не напушти и како тој успешно ја исконтролира програмата. Сите играчи го сакаат. Тој дефинитивно би го добил гласот од играчите и за позицијата генерален менаџер. Доколку тој не би ја добил во иднина работата како генерален менаџер ќе бидам шокиран и малку разочаран, бидејќи дефинитивно мислам дека ја заслужува како што мислат и сите други во тимот. Тој ќе ја има нашата стопроцентна поддршка и се надеваме дека еден ден ќе се случи тоа.“ - изјавил Блејк Грифин.

0 comments:

Post a Comment