Home » , » Абдул - Џабар ќе го тренира Хауард

Абдул - Џабар ќе го тренира Хауард

Written By Anonymous on 4.9.12 | 19:17


dwight-howard
Најголемиот трансфер летово сигурно му припаѓа на ЛА Лејкерси кој успеаа да го доведат најдобриот центар во НБА, Двајт Хауард од Орландо Меџик.

Лејкерси го доведоја и Стив Неш и се надеваат дека повторно ќе бидат конкуренти за титулата, но пред се мораат да се покажат на паркетот.

Хауард одма по доаѓањето во Лејкерс договори состанок со легендарниот и најдобриот стрелец на сите времиња, Карим Абдул - Џабар кој ке му биде ментор на Хауард.Хауард е најдобриот одбрамбен центар во лигата, но неговата напаѓачка игра не е толку добри и тоа Џабар ќе се обиде да го поправи.

Вчера дојде и нивниот состанок и двајцата го изразија своето воодушевување на Твитер.Хауард напиша :

“Само што имав состанок со Карим.Човече бев во солзи.Ова е голем благослов.Ми се чини дека ми се оствари сонот.“

Подоцна постави и слика со легендата на Лејкерси и даде до знаење дека ќе соработува со него уште многу години, што навивачите на Лејкерси можат да го протолкуваат ова како продолжување на договорот на Хауард, кој истекува следната сезона.

За крај Џабар додаде дека е благораден што може своето знаење да го пренесува на виско мотивираниот и талентиран Двајт.

0 comments:

Post a Comment