Home » , » Ален Ајверсон вели дека ќе игра во Кина ако неможе во НБА

Ален Ајверсон вели дека ќе игра во Кина ако неможе во НБА

Written By Dragan on 4.9.12 | 20:44

И покрај тоа што фановите имаат голема желба повторно да го видат „Одговорот“ назад на НБА терените, изгледа дека нема така да биде повеќе. Тимовите не покажуваат интерес за него, а Азија или Европа е светла точка за него.

Но, ако не игра во НБА, Ајверсон може да игра во Кина. 
Еве што кажа Ален Ајверсон за еден американски сајт „Hoopshype“ :

“Сакам да се вратам во НБА. Но, ако нема интерес за мене и играњето во Кина е задоволство за мене.“
Играњето во Кина на Ајверсон има некоја смисла, затоа што таму ќе биде ѕвезда. Тоа искуство го има и Стефон Марбери, кој добива и статуи во Пекинг.

Ален играше една сезона во Турција за Бешикташ и сезоната во главно одеше во добра насока, се додека не се повреди.

0 comments:

Post a Comment