Home » , , , , , » Оскар Робертсон - човекот кој го измисли трипл-дабл учинокот

Оскар Робертсон - човекот кој го измисли трипл-дабл учинокот

Written By Unknown on 20.9.12 | 22:40

oscar-robertson-cincinnati

Ред Оербах, легендарниот тренер на Бостон Селтикс, за Робертсон изјавил дека е најразновидниот играч кој воопшто го видел.

Повеќето кошаркарски експерти ќе се согласат. “Big O” можеше да направи се! Беше незапирлив офанзивен играч, можеше да погоди од секоја позиција на игралиштето на различен начин. Фантастичната офанзивна игра на Оскар ги смени плејмејкерските стандарди од обичен додавач и “генерал на теренот” во поентер и офанзивно оружје со кое тренерите можеа да победуваат натпревари. Тој едноставно беше појава на теренот!

Многу време пред да се појават Џордан и Меџик, постоеше играч познат како “Big O”. Пред Џордан и Меџик да ги постават највисоките бековски стандарди тоа го направи Оскар Робертсон.

Многу време пред луѓето да знаат што е тоа triple-double, Робертсон тоа го постигнуваше просечно на секој натпревар низ целата сезона.

Многу време пред некои дриблинзи да добијат свое име, Робертсон веќе ги имаше измислено. Неговата разновидност во играта му овозможи да стане прв колеџ играч кој три последователни сезони бил најдобар стрелец во NCAA. Му овозможи да освои Олимписко злато 1960, да освои MVP на сезоната во НБА и да биде избиран во најдобрата петорка во НБА во првите девет сезони.

 
“Робертсон беше висок играч со движења на многу низок играч” – Бил Шарман, поранешен бек на Бостон Селтикс.

 

Во неговите 14 сезони поминати во Синсинати Ројалс и Милвоки Бакс, Робертсон постигна 26710 поени и го постави рекордот за најмногу асистенции во кариера (9887), кој важеше нецели две децении се до појавата на Меџик Џонсон и Џон Стоктон.

Откако завршил со студиите, во 1960 година бил приклучен на олимпискиот тим на САД, во кој се наоѓал и неговиот понатамошен најголем ривал Џери Вест. Тимот освои злато во Рим без претрпен пораз и се смета за најдобар аматерски тим на сите времиња кој зел учество на една Олимпијада.

По враќањето од Италија, потпишува 3 годишен договор со Синсинати Ројалс. И веќе во дебитантската сезона младиот Робертсон беше избран за MVP на Ол - Стар натпреварот, за член на најдобрата петорка во НБА и избран за дебитант на сезоната 1960-61. И како да не биде избран, кога имал просек од 30.5 поени, 10.1 скок и 9.7 асистенции, промашувајки го за малку триил-дабл просекот. Но најважно од се е позитивната промена на карактерот на Робертсон. Од себична и темпераментна колеџ ѕвезда, тој се претвори во смирен и дисциплиниран НБА дебитант.

 
“Неверојатно е како Оскар созреа во последната година” – изјави Џери Вест.

 

Робертсон и Вест станаа долгогодишни ривали, бекови со брзи движења и неограничени можности. Сепак, нивната индивидуална игра долги години не беше доволна за да излезат од сенката на империјата наречена Бостон Селтикс.

Веќе во следната сезона, Робертсон станува посупериорен. Тоа што го постигнува во сезоната 1961-62 тешко дека некој друг ќе го надмине, па и за 50, 100, 1000 години. 30.8 поени, 12.5 скока и 11.4 асистенции претставува најголемото кошаркарско достигнување во историјата на овој спорт.

Речиси секоја година имаше можност повторно да ги постигне овие бројки, но сепак на крајот ќе останеше со 30тина поени со 9 скока и 11 асистенции.

Во сезоната 1963-64 беше прогласен за MVP играч, постигнувајки го својот најдобар просек на постигнати поени по натпревар во кариерата (31.4) и воедно и најдобар асистент во лигата со 11 асистенции. Истата година беше избран за претседател на синдикаот на НБА играчи, функција која ја задржа се до неговото пензионирање.

Во следните години неговата кариера се движи во надолна линија. Па поради тоа, во Април 1970 година, конечно беше трејдуван во Милвоки Бакс. Историјата покажа дека токму Робертсон беше последното парче од шампионскиот мозаик на Бакс. Придружувајќи му се на тимот кој во своите редови го имаше младиот Лу Алциндор (подоцна познат како Карим Абдул Џабар), Робертсон им помогна на Бакс да стигнат до титулата во НБА веќе во својата трета сезона, победувајки го во финалето тимот на Вашингтон Булетс.

На последниот натпревар во тоа финале Оскар постигна 30 поени и веднаш по натпреварот изјави:

 
   “КОНЕЧНО! Ова е мое прво шампањско и навистина има сладок вкус.”

 

 

Тоа беа најрадосните моменти во неговата величествена кариера, која ја завршува три години подоцна. Неговата “14ка” во Ројалс (денешни Кингс) и неговата “единица” во Бакс се повлечени од употреба.

Во 1979 е избран во Куќата на Славните, додека во 1996 година по повод 50 годишнината од постоењето на НБА, избран е во екипата на најдобри 50 играчи на сите времиња.

Непосредно пред повлекувањето звучеше многу едноставно кога беше запрашан како ја видел својата кошаркарска кариера:

 
“Го направив она што најдобро го можев. Ги достигнав сите цели за кои се надевав да ги достигнам. Беше забавно додека траеше“

0 comments:

Post a Comment