Home » , » Ентони :“Спремен сум да се жртвувам за тимот“

Ентони :“Спремен сум да се жртвувам за тимот“

Written By Anonymous on 29.9.12 | 16:51


carmelo-anthony
Њу Јорк Никс влегуваат во новата сезона со големи очекувања. Конечно ќе имаат доволно време да се уиграат и во текот на тренинг кампот да се надеваат дека ќе ги сложат сите “коцки“ во екипата и да се борат за престиж во Источната конференција.

Со тоа нивната најголема ѕвезда - Кармело Ентони, спремен е да се жртвува себе си и своите бројки, за екипата да има поголем број победи и да му се приближи на трофејот.

“Не сакам целата одговорност да стои на мој грб и да пробам да правам се сам“ - изјави Мело. “Спремен сум да се жртвувам за тимот и ќе направам се за мојата екипа да биде подобра. Ако тоа значи дека мојот просек на поени да падне од 27 на 23 нека биде така. Спремен сум да се жртвувам.“

Ентони додаде дека таквиот начин на размислување го добил инспириран од ветераните кој пристигнаа во тимот, Џејсон Кид, Курт Томас и Макус Кемби. “Неверојатно е тоа со каков труд влегуваат на тренингот. Како да се на почетокот на своите кариери.“

Уште една интересна вест доаѓа од Никси, а ја потврди и самиот Ентони. Пензионираниот НБА кошаркар Рашид Волас е се поблиску да враќање на паркетите. Вчера со останатите играчи на Никс објави дека би можел да стане нов играч на Никси.

Цело лето Ентони напорно работи на себе и својата игра, губењето на повеќе килограми во потполност му се исплати. Прашан за тоа што мисли во вклучувањето во трката за МВП на сезоната вели :

“Додека победуваме ќе бидеме задоволни. Не мислам на индивидуалните награди. Сакам ова да биде една од моите години, година на Никси.“

0 comments:

Post a Comment