Home » , » ЛеБрон Џејмс :“Можеме да бидеме уште подобри“

ЛеБрон Џејмс :“Можеме да бидеме уште подобри“

Written By Anonymous on 29.9.12 | 15:37

lebron-james-dwyane-wade
Вчера играчите на Мајами Хит одржаа дружење со медиумите на кој одговараа на бројни прашања на новинарите, а секако најмногу внимание му се посвети на ЛеБрон Џејмс, МВПто на сезоната и освојувачот на својот прв прстен.

Хит во сезоната ќе влезе како бранител на титулата и секој тим ќе има додатен мотив да ги победи. Често може да се слушне изреката која е потешко да се обрани својата тутила отколку да се освои, а ЛеБрон Џејмс ќе има голема задача. Тој смета дека Мајами може да биде уште подобар од минатата сезона и може да направи се како што лани ја освоиа титулата.

“Мислам дека можеме да бидеме подобри од минатата сезона.“ - изјави Џејмс. “Дали сме сега подобри од крајот на сезоната ? Секако дека не, но имаме потенцијал да бидеме, а тоа е застрашувачки.“

Челниците на Мајами направија добра работа ова лето, не имаа големи заминувања од тимот, а ги доведоја Реј Ален и Рашад Луис, кој ќе им помогнат во шутерскиот дел на играта. Не треба посебно да се претстават, Реј Ален е најдобриот тројкаш на сите времиња, а Луис е исто така елитен шутер кој се “изгуби“ минтавие сезони.

“Веќе подолго време мислам дека сум најдобар играч во лигата.“ - смета Џејмс. “Тоа е начин на кој го играм секој натпревар. Кога излегувам на паркетот сакам да бидам најдобар играч на теренот. Постигнав многу работи во мојата кариера, но сеуште не сум задоволен.“ - заврши Џејмс.

0 comments:

Post a Comment