Додека НБА тимовите се припремаат за тренинг - камповите и договороте се скоро 90% потпишани, еве како стојат работите на предвидувачките табели :
30. Шарлот Бобкетс
МВП на тимот: Мајкл Кид - Гилхрист
Шарлот излегува од најлошата сезона според процентот на победи во историјата на НБА лигата. Според тоа, од оваа сезона па натака, тимот може да оди само нагоре.
Иако минатата сезона навистина беше лоша, овој тим направи неколку добри потези летово, донесувајќи ги Бен Гордон и Рамон Сешнс, како и драфтувањето на Мајкл - Кид Гилхрист.
Донесувањето на Бен Гордон треба да значи нов почеток за британецот во ново-оформената екипа, а на него останува да докаже дека сеуште може да биде важно парче од било кој тим.
Одбраната која што Мајкл - Кид Гилхрист ќе ја донесе би требало да биде голема помош за Бобкетс, а додека напредува повеќе и повеќе на терените, се очекува да носи барем одреден дел од руки - енергија на паркетот.
29. Хјустон Рокетс
МВП на тимот: Кевин Мартин
Хјустон Рокетс одиграа солидна 2011/2012 сезона, со оглед на тоа дека завршија со позитивен рекорд од 34-32. Но, тешко дека ќе успеат да победат 34 натпревари оваа сезона, и покрај тоа што ќе играат уште 16 повеќе натпревари.
Планот да Рокетс градат околу Двајт Хауард падна во вода, па така да принудени беа да одат на планот Б, што значи комплетно доградување со пиковите на драфтот.
Нивната иднина ќе зависи од талентите кои ќе пристигнуваат во НБА лигата, што секогаш е ризично и страшно.

Потпишувањата на Омер Ашик и Џереми Лин во Хјустон се тотално нелогични потези, со оглед на тоа дека и двајцата се преплатени, а знаеме какви се нивните квалитети до оваа точка од нивната кариера.
28. Кливленд Кавалирс
МВП на тимот: Кајри Ирвинг
Кливленд беше изненадувачки тим во првиот дел од минатата сезона и држеше рекорд од 13-18 до Ол-Стар паузата. Но, потоа тркалата паднаа и вториот дел од сезоната беше навистина ужасен, со рекорд од 8-28 во остатокот на сезоната.
Драфтот ова лето исто така не беше лош, но не беше ни супериорен. Кливленд се надеваше на драфтување на Бредли Бил, но на крајот мораше да се задоволи со драфтување на Дион Вејтерс со 4. пик. Можеби Вејтерс ќе заврши како подобар поентер од Бредли Бил, но Бредли Бил покрај Кајри Ирвинг би значело многу повеќе за младиот предводник на тимот.
Поради тоа што Кливленд го изгуби Ентуан Џејмисон летово, главното прашање е од каде ќе доаѓа офанзивата освен од Кајри Ирвинг. Што ако Кајри се повреди за поголем дел од сезоната ?
27. Орландо Меџик
МВП на тимот: Џамир Нелсон
Со Двајт Хауард во стартната петорка, Орландо Меџик не одигра лоша сезона лани. Имаше рекорд од 37-29 и заврши на шестото место влегувајќи во плеј-офот. Но, факт е дека повредата на Двајт Хауард во завршиниот дел од сезоната им одзеде многу сила на Стен Ван Ганди и играчите, па така да рекордот во последните 2 недели од сезоната драстично опаѓаше.
Потезите кои ги повлекоја челните луѓе на Орландо во врска со трејдот беа навистина катастрофални. Трејдуваа еден од најдобрите играчи во лигата, а добија многу пикови кои се всушност заштитени да бидат пикови во лотаријата. Убаво е тоа што го добија Арон Афлало, кој ќе биде голем дел од иднината на Орландо, но се после него е катастрофално.
26. Детроит Пистонс
МВП на тимот: Грег Монро
Детроит Пистонс беа изненадувачки добар тим на домашен терен минатата сезона, поставувајќи рекорд од 18-15. Но, тоа што беа катастрофални со рекорд од 7-26 на гости е сосема друга приказна.
Андре Драмонд беше драфтуван оваа година за да се спари со Грег Монро во Пистонс и иако не се очекуваат големи бројки од Драмонд оваа година, се очекува да бидат одлично дуо на центарските позиции. Додадете ги Брендон Најт и Родни Стаки и тоа веќе ги прави Пистонс сериозен тим.
Исто така, Детроит го трејдуваше и Бен Гордон, откако конечно сфатија дека не го користат неговиот полн потенцијал. Тоа би требало да ослободи повеќе место во одделот за плати на играчите, а и додатокот на Мекгеди не е лош потег.
25. Сакраменто Кингс
МВП на тимот: ДеМаркус Казнс
Кингс имаат неколку интересни играчи за гледање во Казнс, Ајзеа Томас, Маркус Тортон и Тајрик Еванс, но останатите играчи не дека баш се вклопуваат во тимот.
Сакраменто исто така беше и интересен офанзивен тим за гледање, но слабата одбрана и катастрофалната селекција на шутеви ги уништуваше уште повеќе. Новиот пик на драфтот Томас Робинсон може да помогне во одбрана, но кој ќе помогне во селекцијата на шутевите ?
Арон Брукс беше донесен од Кина, но знаеме дека тој е надвор од форма и не е специјален талент. Тајрик Еванс продолжува да игра надвор од својата природна позиција, а тоа не го подобрува воопшто.
Никој всушност не знае дали Кингс воопшто ќе останат во Сакраменто, но знаеме дека имаат само подобрувања на табелите.
24. Портланд ТреилБлејзерс
МВП на тимот: ЛаМаркус Олдриџ
После толку проблеми со повреди, очигледно и очекувано беше дека Портланд ќе го растури постојаниот тим. Иако после солидната 2010/2011 сезона тимот се очекуваше да оди нагоре, Брендон Рој се откажа од нив, Грег Оден продлжи со повредите, и тимот отиде во тотално различна насока. Имаа катастрофална сезона и завршија со 7 последователни порази.
Сега, со нов состав дури и во канцелариите и со нов тренер во Тери Стотс, се очекува многу повеќе од Портланд. Новите таленти како Демиан Лилијард и Мајерс Леонард само ќе помогнат, а за Лилијард се очекува да биде и силен кандидат за наградата Дебитант на годината. Николас Батум исто така би требало да ја одигра најдобрата сезона во својата кариера, а веќе ветеранот во тимот ЛаМаркус Олдриџ ќе си ја заврши својата работа како главна ѕвезда во тимот. Само здравјето треба барем еднаш потполно да застане на нивна страна.
23. Милвоки Бакс
МВП на тимот: Монта Елис
Милвоки Бакс се навистина збунувчки тим. Барем беа минатата сезона. Имаа петти најдобар рекорд во офанзивата (поени дадени по натпревар - 99.0), но имаа осми најлош рекорд во дефанзива (поени примени по натпревар - 98.7).
Ова беше тим што во текот на сезоната беше заглавен во "дупка" со рекорд од 14-23, но успеаја да се изборат и да стигнат до 28-28 и за да завршат повторно со негативен рекорд од 31-35 и да го пропуштат плеј-офот повторно.
Брендон Џенингс и Монта Елис се навистина експлозивно дуо, и двајца се добри поентери во нападот, но немаат редовност во натпреварите, особено на дефанзивниот крај.
Ги држеа противниците под 100 поени на 6 последователни натпревари и баш кога требаше да направат посериозен притисок за влез во плеј-офот, тие дозволија да примаат по 110 натпревари во просек на последните 5 натпревари.
Ерсан Илијасова одигра одлична сезона за нив и заслужи да биде платен доволно. Неговата форма би требала да продолжи низ следнава сезона.
22. Феникс Санс
МВП на тимот: Мајкл Бизли
Со Стив Неш во стартната петорка, Феникс успеа да се избори за изедначен рекорд на крајот на сезоната и се бореше за плеј-оф позиција се до последната недела. Со Стив Неш во Лејкерс, плеј-оф соновите ќе бидат малку потешки, иако талентот кој е додаден на местото на Стив Неш е сосема солиден.
Горан Драгиќ е назад во Санс да ја превземе стартната плејмејкерска позиција, но сепак тој не е елитен играч, иако играше супериорно како стартер за Хјустон минатата сезона. Од Мајкл Бизли се очекува да одигра Ол-Стар сезона, а и тој самиот излезе во јавноста со таква мисла. Тој треба да биде новиот лидер на Феникс. Луис Скола е ветеранот во тимот и ќе има значителна улога во офанзивата на Алвен Џентри.
21. Њу Орлеанс Хорнетс
МВП на тимот: Ерик Гордон
Ентони Дејвис е големото засилување за Хорнетс и првиот пик на драфтот оваа година. Всушност играч што ќе ја промени франшизата Њу Орлеанс Хорнетс. Заедно со ѕвездата Ерик Гордон и шутерот Рајан Андерсон, ова треба да биде сосема различен тим од лани и вистински плеј-оф претендент.
Остин Риверс е навистина добар играчи и добар пик воедно за Хорнетс, но ќе биде интересно да се гледа неговиот развој низ годините, бидејќи на Хорнетс им треба вистински плејмејкер. Гриваз Васкез е добра замена од клупата, но не е кадарен за стартер во ваков тим.
Додатокот Робин Лопез нема да се одрази во многу победи за нив, но барем ќе додаде вистински центар на теренот и барем скокач, ако не поентер.
Дури и доколку Њу Орлеанс не влезе во плеј-офот оваа година, ова ќе биде тим што само ќе расте во наредниве неколку сезони.
20. Торонто Рапторс
МВП на тимот: Кајл Лаури
Пред да почнеме да се возбудуваме за Торонто, да се потсетиме дека минатата сезона имаа рекорд од 23-43 и беа 29. најдобар тим во нападот, односно втор најлош.
Зошто ова се факти на кои треба да се внимава ?
Најдобрите доведувања во тимот ова лето беа Кајл Лаури и Џонас Валанкунас. И двајцата ќе имаат важни улоги во тимот, но кој од нив двајца ќе носи лесно поени во нападот ? Лаури е одличен шутер на слободни фрлања, но реализираше само 40 % од поле минатата сезона. Валанкунас може да биде чудовиште во рекетот за неколку сезони, додека вистинскиот офанзивец кај Рапторс моментално е ДеМар ДеРозан. Но, проблем кај ДеРозан е повторно нередовноста.
19. Вашингтон Визардс
МВП на тимот: Џон Вол
Вашингтон Визардс ја завршија минатата сезона навистина прекрасно. Имаа 6 победи во низа, вклучувајќи ги и победите над Мајами, Чикаго и Кливленд. Од тогаш, се имаат само подобрено.
Бредли Бил беше избран на овогодинешнио драфт и ќе биде дел од одлично дуо заедно со плејмејкерот Џон Вол. Емека Окафор и Тревор Ариза му се придружија на тимот летово со трејд преку Њу Орлеанс, а да не заборавиме и на донесувањето на бразилецот Нене Хиларио точно на крајот на преодниот рок. Џордан Крофорд е одличен млад талент во тимот, што најверојатно ќе има улога на 6-ти играч оваа година.
Но, Џон Вол и Џордан Крофорд ќе треба да работаат на повеќе да ја заштитуваат топката, односно да не ја губат беспотребно. Тоа беше големиот проблем минатата сезона кај Визардс.
18. Јута Џез
МВП на тимот: Ал Џеферсон
Јута Џез имаа рекод од 36-30 минатата сезона и ги изненадија сите со тоа што влегоа во плеј-офот со осмата позиција во тешката западна конференција. Можеби се немаат подобрено многу ова лето, но работите би требало да останат каде што беа и лани за Јута.
Ал Џеферсон, Пол Милсап и Мо Вилијамс играат и се борат за нов договор со тимот, што навистина ќе треба да го заслужат. Моментално, никој од овие тројца не заслужува да биде трејдуван, па тоа ќе разбуди некоја конкуренција помеѓу соиграчите, што ветува само добра сезона.
Заедно со младите таленти како Гордон Хејвард, Алек Бркс, Дерик Фејвурс и Енес Кантер, ова е тим што ветува многу и што ќе биде меѓу првите 10 во лигата во скокови по натпревар, а тоа е навистина предност пред другите тимови.
17. Атланта Хокс
МВП на тимот: Џош Смит
Атланта Хокс се очекува да одигра солидна сезона, но со оглед на фактот дека се во транзиција, не очекувајте сезона со рекорд од 40-26 како ланската. Иако имаат неколку квалитетни играчи и оваа година, се немаат многу подобрено.
Само 5 играчи ќе бидат под договор кога ќе заврши сезоната 2012/2013, па така да очекувајте големи потези и активност на Атланта во маркетот од слободни играчи наредното лето.
Но, сето тоа не значи дека Хокс нема да направат притисок кон плеј-офот овааа сезона. Со стартна петорка која ги вклучува Девин Херис, Џош Смит, Лу Вилијамс, Ал Хорфорд и Ентони Мороу, Атланта ќе биде незгоден тим за противниците во својата дивизија. А, да не ги заборавеми и засилувањата од клупата како Џеф Тиг и Кајл Корвер.
16. Голден Стејт Вориорс
МВП на тимот: Стеф Кари
Марк Џексон беше доведен во Голден Стејт за да ја зголеми дефанзивната ефикасност во тимот. Но сепак, минатата сезона тоа беа старите Голден Стејт Вориорс, со 101.2 примени поени по натпревар.
Но, покрај тренерот и ростерот на тимот не беше нешто значајно за да бидат елитен дефанзвиен тим. Како и да е, ростерот на Вориорс последниве неколку години навистина излгеда како неискористен потенцијал, полн со таленти.
Но, оваа година Вориорс ќе бидат навистина нешто специјално. Секако, доколку останат здрави. Со трејдот на Монта Елис минатата сезона се отвори многу во Голден Стејт, па сега тимот е основан на младиот талент. Стеф Кари, Клеј Томпсон, Харисон Барнс, Дејвид Ли и Ендру Богут прават елитна стартна петорка во НБА лигата, а вклучувањата од клупата како Џерет Џек, Ричард Џеферсон, Карл Лендри и Чарлс Џенкинс ќе бидат од големо значење. Очекувајте одлична сезона од Голден Стејт.
15. Минесота Тимберволвс
МВП на тимот: Кевин Лав
Минесота Тимберволвс растеа пред нашите очи минатата сезона, пред се благодарение на младото талентирано дуо од Кевин Лав и Рики Рубио. Но, сета таа надеж за успешна сезона и плеј-оф настап падна во вода, откако Рики Рубио ги искина лигаментите на коленото и ја заврши сезоната во Март.
Со новите засилувања како Алексеј Швед, Андреј Кириленко, Брендон Рој, Грег Стимсма и Чејс Бадинџер, тимот оди само нагоре, но сепак се зависи од здравјето на Рики Рубио. Доколку младиот шпанец остане здрав, ќе одигра сезона како елитен плејмејкер во лигата, а доколку тоа е под знак прашалник и плеј-офот за Минесота останува сомнителна работа.
Само една работа останува нејасна кај Тимберволвс. Кевин Лав е МВП кандидат и несомнено најдобриот играч на тимот. Тогаш зошто кога се повреди само Рики Рубио, тимот продолжи со катастрофален рекорд од 4-18 во останатиот дел од сезоната ?
14. Чикаго Булс
МВП на тимот: Луал Денг
Со здрав Дерик Роуз во стартната петорка на тимот, Чикаго Булс ќе бидат претендери за титулата. Но, бидејќи Роуз е повреден и е надвор од терените скоро цела сезона, тимот ќе се мачи да стигне до изедначен рекорд на крајот на сезоната.
Најсилниот дел од играта на Чикаго минатата сезона беше одбраната. Но, сега проблемот е што двајца од подобрите дефанзивци Омер Ашик и Рони Бруер ги нема, а Карлос Бузер не е во својата топ форма. Тимот навистина ќе зависи од одбраната што ќе ја пружаат Луал Денг, Џоаким Ноа и Таџ Гибсон.
Уште едно застрашувачко прашање за фановите на Булс е: Кога ќе им требаат клучни поени, на кој играч ќе одат ? Ќе може ли Луал Денг и тука да го замени Дерик Роуз ? Тешко ...
13. Филаделфија СевентиСиксерс
МВП на тимот: Ендру Бајнам
Целовкупниот ранкинг и талент на тимот би требало да остане ист кај Филаделфија, а многумина би се запрашале зошто, особено по трејдот на Ендру Бајнам. Иако Сиксерс го добија вториот најдобар центар во лигата моментално, тие изгубија важни делови од ростерот. Ги изгубија Андре Игуадала, Елтон Бренд и Лу Вилајамс, кои беа 3 од најдобрите 5 играчи во тимот.
Но, сепак Филаделфија додаде важни парчиња како Џејсон Ричардсон, Ник Јанг, Дурел Рајт и Квоми Браун, но тоа се само играчи со споредни улоги во тимот. Сепак, Еван Тарнер и Џру Холидеј ќе бидат играчите од кои ќе зависти тимот. Т.Е. тимот ќе зависи од нивната форма и од работата што ја пружиле ова лето, во однос на подобрувањето на нивните способности.
Само што ќе започне сезоната, Филаделфија ќе се потпре на Ендру Бајнам и на неговите потези во рекетот, под кошевите. Бајнам ќе одговори со агресија и најверојатно ефикасност, барем во нападот. Ќе видиме како Бајнам ќе му подлегне на притисокот од јавноста во Филаделфија.
12. Далас Маверикс
МВП на тимот: Дирк Новицки
По разочурачката пост-шампионска сезона и катастрофалниот учинок во овогодинешниот плеј-оф, тимот на Далас Маверикс направи значителни потези ова лето.
Ги доведоа младите таленти како О.Џ. Мејо и Дерен Колисон за да донесат одреден дел на енергија на теренот, а ветераните како Елтон Бренд, Дирк Новицки, Крис Кејмен и Винс Картер ќе треба да останат во некоја посакувана форма, за да можат да помогнат.
Планот на Марк Кјубан е јасен. Ја состави оваа мала група на играчи со мали договори, за да може да тргне по некои ѕвезди наредното лето во маркетот на слободни играчи.
Маверикс ќе влезат во плеј-офот, но немаме никаква гаранција дека ќе пружат поефикасна година од изминатава.
11. Денвер Нагетс
МВП на тимот: Андре Игуадала
Иако сите очекуваа пад на Нагетс по трејдот на Кармело Ентони пред 2 сезони, напротив, тимот остана ист, па можеби е и за малку подобрен. Многу парчиња во Денвер се сменија, но нивната офанзива остана иста. Што значи дека постигнувањето поени за Денвер никогаш не било проблем, па нема ниту да биде наредната сезона. Пробелмот е во ефикасноста на одбраната.
Новите засилувања како Андре Игуадала и ЏаВејл МекГи треба да бидат вистински столбови во одбраната, а останатите Нагетси да помагаат како што можат.
Значи, кога сите парчиња ќе се вклопат, очекуваме одлична сезона во Денвер и да не претераме, барем осигурано плеј-оф место во првите 5 на западот.
10. Мемфис Гризлис
МВП на тимот: Руди Геј
Мемфис се немаат воопшто променети од минатата сезона, а факт е дека беа опасен тим во западната конференција. Што значи дека треба да очекуваме еднаква или подобра сезона од минатитите. На хартија, тимот на Мемфис има солиден ростер, што ветува одлична сезона. Со Руди Геј, Зек Рендолф, Марк Гасол и Мајк Конли водејќи го тимот, амбициите на фановите на Гризлис не се ништо пониски од постигнување на статус како дел од топ 10-те тима во НБА лигата.
Тие ги имаат едни од најдобрите фанови во лигата, а тоа мора да е една од причините за нивната доминација на домашен терен. Играат одлична одбрана и сето тоа мора да се искористи за да конечно се направи посериозен притисок за подлабок влез во плеј-офот.
Иако имаа шутер од калибарот на О.Џ. Мејо минатата сезона, тие сепак беа трет најлош тим во процент на реализација за 3 поени. Јасно беше дека треба да се донесат некои други шутери во тимот. Во обид да го направат тоа, Мемфис ги пронајдоа Џеред Бејлис и Вејн Елинтон на маркетот. Бејлис има само една шутерска сезона од 5 сезони вкупно во лигата, а Елингтон е шутер што излегува од најлошата сезона во својата кариера.
9. Индијана Пејсерс
МВП на тимот: Дени Грејнџер
Индијана е тим кој прерасна во последниве неколку години и навистина научи од грешките во минатото. Тимот беше изграден со пикови на драфтовите во главно, а многу мал потенцијал беше донесен од маркетот на слободни играчи.
Минатата сезона беа 3. најдобар тим на истокот, веднаш позади Мајами и Чикаго, а им претставуваа вистински проблем на Мајами Хит и во конференциските полуфиналиња на истокот.
Ова лето ги додадоа Д.Џ. Огустин и Џералд Грин, а добро знаеме дека ниту еден од нив нема да има драстично влијание во играта на Индијана. Доведувањето на центарот Јан Махими од Далас е добар потег, бидејќи сега ќе бидат сигурни за замена кога стартниот центар Рој Хиберт ќе мора да излезе од игра.
Проблемот од минатата година останува нерешен. Кој ќе се обиде да ја превземе работата во клучни ситуации ? Тоа останува нерешено, бидејќи сеуште тимот е без вистинска ѕвезда, барем од Ол-Стар калибар. Но сепак, тоа е оправдано бидејќи да се стигне без класичен Ол-Стар играч до конференциските полуфинилиња на истокот, значи многу.
8. Њу Јорк Никс
МВП на тимот: Кармело Ентони
Њу Јорк влегува во втората сезона на големи очекувања, а доколку повторно не исполнат барем мал дел од нив, тоа ќе биде пропаст за Никс. Со веќе 3 ѕвезди во тимот, како Тајсон Чендлер, Амар'е Стадемаер и Кармело Ентони, тимот треба да одигра врвна сезона и да направи сериозен притисок во плеј-офот.
Не дека Никси направија драстични промени ова лето, со доведувањето на ветерани како Џејсон Кид, Маркус Кемби и Курт Томас, но сепак тимот има основа веќе од лани. Фактот е дека овие играчи нема да бидат од големо значење и нема да направат голема разлика на теренот, но барем одбраната би требало да се подобри, со оглед на тоа дека имаме дефанзивец на годината на центарската позиција во Тајсон Чендлер, двајца млади дефанзивци во Иман Шамперт и Рони Бруер, а сега останува и на ѕвездите како Мело и Амар'е да потегнат дефанзивни потези.
7. Бруклин Нетс
МВП на тимот: Дерон Вилијамс
Нетси беа тим со рекорд од 22-44 лани. Летово, го додадоа Џо Џонсон и многу споредни играчи околу него. Имаат ѕвезда во Дерон Вилијамс, но зошто би биле толку подобрени, колку што се очекува нив. Зошто ... погледнете ги фактите.
Прво, Џералд Валас одигра само 16 натпревари за Нетс минатата сезона. Брук Лопез одигра само 5. Валас и Лопез никогаш не играле заедно. Дерон Вилијамс и Џералд Валас одиграа само 12 натпревари заедно и направија рекорд од 6-6. Додадете го Џо Џонсон и останатите засилувања и ќе го дознаете одговорот зошто Нетси ќе одиграат сезона за паметење.
Сега, останува да се развие хемијата во тимот, бидејќи овие 5 играчи од стартната петорка имаат одиграно многу малку натпревари заедно и не дека баш се знаат.
Очекувајте исто така и МВП сезона од Дерон Вилијамс, бидејќи Д-Вил конечно добива шанса да игра во силен тим со солидни играчи околу него.
Клупата на Нетс исто така изледа одлично, со предводници како МарШон Брукс, С.Џ. Вотсон и Мирза Телетович.
6. Лос Анџелес Клиперс
МВП на тимот: Крис Пол
ЛА Клиперс имаат сега 2 суперѕвезди што ќе го предводат тимот во Крис Пол и Блејк Грифин. Исто така, имаат и значително искуство од овогодинешниот плеј-оф и тоа би требало да значи многу за овие млади играчи. Секако, тука имаме играчи со шампинско искуство како Чонси Билапс и Ламар Одом, а ветераните од клупата како Џамал Крофорд, Грент Хил и Кенјон Мартин ќе бидат од голем придонес исто така. Се очекува и одлична сезона од Ерик Бледсоу, со оглед на тоа дека тој е прва замена за Пол сега, кога го нема Мо Вилајамс.
Сега останува да видиме дали ќе може Грифин и ДеАндре Џордан да ги пополнат дупките во нивните игри. Се додека Џордан не покаже серија од големи натпревари и Блејк Грифин не го подобри својот скок-шут, тимот нема да отиде далеку.
5. Бостон Селтикс
МВП на тимот: Ражон Рондо
Бостон скоро да извлечеше чудо и да ги елеминираше Мајами Хит во источните конференциски финалиња, само пред 3 месеци. Оттогаш, многу работи се сменија, но основата на тимот остана иста -- Рондо, Пирс и Гарнет.
Иако Реј Ален си замина, таа дупка ќе ја поплнат Кортин Ли и Џејсон Тери, а здрав Џеф Грин ќе значи многу подобрен втор состав на Селтикс, нешто што се бараше изминативе години.
МВП сезона се очекува од Ражон Рондо, а тоа треба да се искористи максимално од страна на Док Риверс. Тимот треба да го направи својот последен притисок кон титулата, бидејќи "основата" е веќе во години и пред пензија.
4. Сан Антонио Спарс
МВП на тимот: Тони Паркер
Колку што знаеја да бидат импресивни во првите 10 натпревари во плеј-офот оваа годнина Сан Антонио, неможат да се заборават сеќавањата за тоа како беа избришани од Оклахома Сити Тандер со 4 последователни порази.
Како и да е, тимот е скоро ист со оној од лани, само што ќе се променат улогите на играчите на теренот. Со главните ѕвезди во Данкан, Џинобили и Паркер, ова е тим што најверојатно за последен пат ќе се обиде да направи притисок кон титулата, нешто слично како кај Бостон.
За наредната сезона, останува на младите таленти на Спарси да ги покриваат дупките во минутите кај ветераните, а ветераните да покажат агресија кога е најпотребно. Дени Грин, Патрик Милс, Каваи Леонард, Гери Нил и Тиаго Сплитер се солидни фигури од клупата за Попович, што ќе бидат од голема помош низ сезоната.
3. Оклахома Сити Тандер
МВП на тимот: Кевин Дурент
Тимот на Оклахома Сити прерасна доволно во последниве неколку години и конечно си обезбеди позиција на претендер за титулата во наредниве 4-5 години. Го потпишаа Серџ Ибака, а со сигурност ги имаат Дурент и Вестбрук за уште неколку сезони. Дилема останува Џејмс Харден.
Минатата година беше врвна за дуото составено од Дурент и Вестбрук, а овие двајца играа и врвно кога беше најпотребо.Но, Џејмс Харден беше парчето од сложувалката кое недостасуваше во шампионскиот тим. Харден навистина имаше лоши Финалиња.
Единствениот проблем со кој ќе се соочат Тандер нареднава сезона ќе биде од канцелариска природа, односно потпишување (или не) на Џејмс Харден.
2. Лос Анџелес Лејкерс
МВП на тимот: Двајт Хауард
За ефикасната оф-сезона на Лејкерс нема потреба да се зборува. Ги доведоа Хауард и Неш, нешто што ќе им помогне многу за да освојат титула, барем оваа година.
Фактот што Лејкерс го доноесоа Хауард без да се откажат од Пау Гасол ги прави одлични менаџерите на Лејкерс, а и показател е за тоа колку очајни можат да бидат Орландо Меџик.
Лејкерс имаат несомнено најдобра стартна петорка во лигата моментално, а тоа треба максимално да се искористи, со оглед на тоа дека имаат и значително посилна клупа од лани.
Останува да видиме дали „Princeton“ офанзивата ќе успее нареднава година, а останува и на Мајк Браун да се докаже како тренер на супер-тим.
1. Мајами Хит
МВП на тимот: ЛеБрон Џејмс
Овогодинешниот НБА шампион Мајами Хит не изгуби ниту еден играч ова лето, а додадоа значителни алки во Реј Ален и Рашард Луис. Главните играчи на ростерот се во врвот на кариерите, а тоа е најважно. Ветераните треба да го покажат нивното шампионско искуство во пост-шампионската сезона.
Проблемот за Мајами влегувајќи во наредната сезона е недостатокот на вистински центар. Можеби ќе треба да направат нешто од младите Џоел Ентони и Декстер Питмен, но тоа треба да биде брзо и ефикасно. Затоа што сигурно Крис Бош или Шејн Батие нема да можат да ги задржат Двајт Хауард и Ендру Бајнам.

Twitter
Facebook
Youtube
0 comments:
Post a Comment