Главниот тренер на Нетс Ејвери Џонсон, мисли дека и покрај тоа што доведоа Џо Џонсон и што останаа со Џералд Валас, Дерон Вилиамс, Брук Лопез и Крис Хамфрис, Нетс не се спремни да победат во двобоите со фаворитите за титула.
“Сеуште не сме спремни, едноставно не сме едни од фаворитите за титула. Не очекува многу работа, но исто така знаеме дека имаме многу подобри играчи од што имавме лани или пред две години“ - рече Џонсон.
“Почувстувавме дека Дерон ќе остане кај нас, но малку бевме загрижени да не дојде до некој пресврт. Со тоа ја завршивме целата приказна околу тоа дали ќе остане која се појави летово. Многу ми е драго дека сега е се позади нас и можеме конечно да тргнеме напред. Се надевам дека имаме тим кој ќе биде конкурентен кога ќе излезе на терен.“ - заврши Џонсон.
0 comments:
Post a Comment