Home » , » Запознајте го новиот дом на Нетси - Барклајс Центарот

Запознајте го новиот дом на Нетси - Барклајс Центарот

Written By Anonymous on 25.9.12 | 17:12


Три и пол децении Нетси беа сместени во Њу Џерси, а од почетокот на новата сезона овој НБА лигаш ќе игра во Бруклин, Њу Јорк.

Бруклин Нетси во наредниот период ќе играат во Барклајс центарот на Атланската авенија, најнаселената населба од петте градски општини во Њу Јорк.

Тие се прв клуб од Бруклин во 4те големи американски лиги од 1957 година, откако бејзбој тимот Доџерс се преселија во ЛА.

Инаку, тоа е втор пат франшизата освована од 1967 да се сели преку Хадсон - АБА клуб кој е основан како Њу Џерси Американс и веќе по неколку дена се преселува во Лонг Ајледнд, а го сменува името во Нетс и се враќа во Џерси како НБА тим во 1997 година.

Барклајс центарот има капацитет од 18103 гледачи.

Го дизајнираше фирмата „Elerbe Beket“ од Минеаополис, а исто така има и дезајнирано 10 други изгледи на сали, вклучувајќи ги салите на Бостон и Сан Антонио, а го смислија и олимпискиот стадион во Атланта.

Изградбата почна пред две години, за јавноста беше отворена во петокот, а официјалното отворање е овој петок, кога во неа ќе свират локалниот херој Џеј Зи, кој е сопственик на 1 % од клубот, но најчесто го претставува во светот.

Сопственик на клубот е Русинот Михаил Прохоров, третиот Русин на листата на најбогатите според Форбс.

Со преминувањето во Бруклин, Нетси ги променија боите од црвено-бело-плави во црно-бела комбинација. Сега и дербито со Никси доби градски карактер, а двата тима се во иста сојузна држава, но реално се само за километар ... му се приближија на Медисон Сквер Гарден.

0 comments:

Post a Comment