Минатогодишната титула со Мајами Хит не му беше прво такво искуство на Јуданус Хазлем. Тој ја освои титулата со Мајами Хит и во 2006 година.
Но, сезоната после таа титула беше катастрофална. Тимот на Мајами во 2007 година не доликуваше на тим што освоил титула само година пред тоа. Хазлем вели дека тоа нема да се случи повторно. И во право е. Пост - шампионската ситуација во Мајами Хит е на подруго ниво од онаа во сезоната 2006/07.
“Многумина веднаш помислија дека катастрофалната сезона после титулата во 2006 година беше поради промена на околностите. До некаде и беше поради таа причина. Но сепак, ние во наредната сезона влеговме многу погрешно психички. Многумина од нас немаа шампионско искуство до пред тоа ... и навистина погрешивме.“ - изјави Јуданус Хазлем за „Miami Herald“.
“Мислам дека после оваа титула, ситуацијата е малку поразлична. Веќе знаеме како да настапиме психички. Нивото на очекувања е почакено за степен, но тоа нема да биде тешко за нас, со оглед на фактот дека се справувавме со многу тежок притисок од медиумите изминативе 2 сезони.“ - додаде Хазлем.
Тимот на Мајами Хит во 2006 година навистина не беше оформен за долго време. Освен ако Шек не се погрижеше за својата физичка кондиција. Како и да е, Хазлем е во право со оваа изјава.
0 comments:
Post a Comment