Home » , » Лук Ричард М'бах а Муте полека заздравува по операцијата

Лук Ричард М'бах а Муте полека заздравува по операцијата

Written By Dragan on 3.9.12 | 13:55

Во Милвоки има доста ново што да се каже. Самуел Далемберт е вистинскиот центар по кој се пазареа, откако Богут почна константно да се повредува, Џон Хенсон е возбудлив дебитант за кој сеуште не се знае што со него и Монта Елис е сепак нов во тимот кој им се приклучи точно на крајот на трејд периодот. Но Лук Ричард Мбах а Муте прилично подолго од сите горенаведени играчи во Бакс и тие очекуваат од него да донесе стабилност во тимот со добра дефанзивна игра и подвижност на теренот без топката.

Лук минатата сезона имаше повреда на коленото која ја лимитираше неговата подвижност, но летово тој беше приморан да ја санира со хируршка интервенција. Тој изјави дека прогресот оди според планираното, но не е сигурен дали ќе може да ја започне оваа сезона, како и на теренот така и на тренинзи.

“Се чувствувам добро. Коленото секој ден е се подобро и подобро. Мислам дека сум на вистинскиот пат за да започнам уште од почетокот на сезоната. Многу сум возбуден што сум рехабилитиран и здрав.“ - изјави М'бах а Муте. 

Минатата година Лук Ричард М'бах а Муте беше заштитен слободен играч поради ситуацијата со неговиот договор. Денвер Нагетс беа на работ да го одземат играчот од Милвоки за 4-годишен договор, вреден 19 милиони долари, но Бакс веќе следниот ден ги превзедоа работите во свои раце и без размислување му понудија идентичен договор кој тој го прифати. Потоа налетаа проблемите со коленото кои го мачеа во текот на 43-те одиграни натпревари од кои на 22 беше во стартната петорка.

“Во овој момент не сум баш сигурен. Мојата цел е да бидам спремен за тренинг кампот. Како и да е, не сакам да се напрегам и да повлечам избрзан потег за кој подоцна би се каел.“

0 comments:

Post a Comment