Home » , » Двајт Хауард прати писмо до фановите на Орландо преку весник

Двајт Хауард прати писмо до фановите на Орландо преку весник

Written By Dragan on 3.9.12 | 13:45

Уништи сезона. Уништи франшиза. Опусти град. Си отиде од детски камп. Се играше со фановите. Го избрка тренерот и генералниот менаџер.

Но ако напишеш убаво писмо, се ќе биде во ред, така ?

Двајт Хауард прати писмо во еден од весниците во Орландо, со слики од децата што нема да го гледаат повеќе како игра во Орландо.

“Да играш кошарка во Орландо е дарба и да играш за Орландо 8 години е вистинска привилегија и чест“ - пишал Двајт Хауард во писмото до магазинот од Флорида „Orlando Sentinel“.



“Зборови неможат да ја опишат љубовта која ја имам кон Орландо. Со вашата поддршка направивме големи нешта во градот за да делуваме на младите. И покрај тоа што кариерата во Меџик ми заврши, љубовта за градот и луѓето кои го правеа градот прекрасен нема никогаш да престане“.

0 comments:

Post a Comment