Но, да напомене дека минатата година токму Оклахома Сити Тандер ги елиминираа Лејкерси со 4-1 во конференциското полуфинале (иако мора да се признае дека Лејкерси изгубија два добиени натпревари и многу лесно серијата можеше да има друг редослед). Несомнено е дека оваа година Лејкерси имаат далеку поквалитетен тим од оној минатата, но тоа не значи дека другите тимови треба да се предадат уште пред да започне натпреварот.
Запрашан за тоа кој би имал евентуална предност во финалето доколку се сретнат Мајами и Лејкерси, Џејмс Ворти изјави:
“Морам да кажам Мајами, највеќе заради тоа што се актулени шампиони. Сега ќе им биде многу полесно да освојат титула затоа што веќе знаат што треба и како треба. Сега ги имаат и Реј Ален и Рашард Луис и се далеку поквалитетни од минатата година. Имаат извонредни шутери. Исто така го имаат и моментално најдобриот играч во НБА, Леброн Џејмс.”
Џејмс Ворти даде свое мислење и за евентуален дуел на западот меѓу Оклахома и Лејкерси.
“Оклахома Сити Тандер се помлади. Но Лејкерси со ростерот со кој располагаат, со Неш, Гасол, Коби и Хауард, се далеку посупериорни на секоја позиција. Можеби Сешнс е помлад од Неш, но факт е дека Неш е и тоа како поквалитетен и покомплетен играч до него, можеби и еден од најдобрите во НБА на својата позиција. Минатата година беа фаворити од сенка, трети на Западот, но годинава дефинитивно се фаворити број 1, не само на Западот туку можеби и во цела НБА. Но тоа ќе мора да го покажат и на теренот.” - изјави Џејмс Ворти.
Според сите анализи, ОКС, Лејкерси и Мајами се трите најсериозни претенденти за титулата, но нисшто не е сигурно. Премногу е рано за да се фаворизира било кој тим. Дури после Ол-Стар викендот ќе имаме солидна слика и претстава за секој тим, па и ќе можеме да ги издвоиме најдобрите и најсериозните тимови, кои стремат кон титулата.
0 comments:
Post a Comment