10. Сан Антонио Спарс 1998-99 (15-2)
Патот до титулата :
Прва рунда : 3-1 против Минесота Тимберволвс
Полуфинале на Запад : 4-0 против Лејкерс
Финале на Западот : 4-2 против Портланд (серијата остана позната по ''Memorial Day Miracle'' натпреварот - според мене еден од најдобрите и најдрагите плејоф натпревари во историјата).
Финале: 4-1 против Никс (Никси денес останаа првите и единствените кои од 8мото место во сезоната стигнале до НБА финалето).
9. ЛА Лејкерс 1981-82 (12-2)
Во плејофот од секоја конференција се пласираа по 6 екипи, од кој 5. и 6. место играа прва рунда со 3 и 4 пласнираниот тим. Така да првиот и вториот таа година беа ослободени од така наречената прва рунда и го чекаа победникот во полуфиналето од конференцијата - навистина чесно. Сликата која ја гледате одоздола ќе ви даде до знаење како беше состојбата која остана до 1984 година.
Лејкерси беа фамозни таа сезона освојувајќи ја титулата не загубувајќи ниту еден натпревар во делот на плејофот пред финалето. Со почетокот на новата сезона Пет Рајли го замени Пол Вестхед - Меџик Џонсон наводно барал заминување на Вестхед поради несогласување околу стилот на игра.Тој потез се покажа како пол погодок - Лејкерси таа година доминатно ја освоиа титулата загубијаќи само 2 натпревари во целиот плејоф.
Пат до титулата :
Полуфинале на Западот : 4-0 против Санси
Финале на Западот : 4-0 против Спарси
Финале : 4-2 против Филаделфија.
8. Милвоки Бакс 1970-71 (12-2)
Кога Карим Абдул - Џабар (тогашниот Лев Акиндор) му се придужи на Хал Оф Фејмерот Оскар Робертсон, беше јасно дека Милвоки мора да ја освои титулата - и успеаа. До ден денес ова е единствена титула на Бакси, а исто така и скорот од регуларниот дел од сезоната беше спектакуларен - 66-16 и просек од 118 поени по натпревар.
Пат до титулата :
Полуфинале на Западот : 4-1 против Сан Франциско Вориорс
Финале на Западот : 4-1 против Лејкерс
Финале : 4-0 против Балтимор Булетс (до тогаш втора метла во НБА финалињата, до денес ги има само 8)
7. Чикаго Булс 1995-96 (15-3)
Пат до титулата :
Прва рунда : 3-0 против Мајами
Полуфинале на Истокот : 4-1 против Никс
Финале на Истокот : 4-0 против Орландо Меџик
Финале : 4-2 против Соникс
6. ЛА Лејкерс 1986-87 (15-3)
Лејкерси по испаѓањето од финалето на Западот во 1986 година, целата 86/87 сезона ја изиграа неверојатно. “Showtime“ играта беше на врвот, 65-17 рекорд и 118 поени по натпревар. На Западот беа апсолутни фаворити, а изгубија само еден натпревар во Финалето против Селтикси, кои се мачеа со повредите.
Пат до титулата :
Прва рунда : 3-0 против Нагетс
Полуфинале на Западот : 4-1 против Вориорс
Финале на Западот : 4 - 0 против Соникси
Финале : 4-2 против Селтикс
5. Бостон Селтикс 1985-86 (15-3)
Пат до титулата :
Прва рунда : 3-0 против Булс
Полуфинале на Истокот : 4-1 против Хокс
Финале на Истокот : 4-0 против Милвоки Бакс
Финале : 4-2 против Хјустон Рокетс
4. Детроит Пистонс 1988-89 (15-2)
"Bad Boys" или "Лошите Момци" од Детроит својот врв го доживеаа во сезоната 88/89 кога до титулата изгубија само 2 натпревар и тоа во серијата против Булси во финалето на Истокот. Во регуларната сезона победија 63 натпревари, а бековската линија Томас-Думарс изгледаше толку добро на теренот, натпреварите се решаваа без проблеми, а најако оружје им беше одбраната.
Пат до титулата :
Прва рунда : 3-0 против Селтикс
Полуфинале на Истокот : 4-0 против Милвоки
Финале на Истокот : 4-2 против Булс
Финале : 4-0 против Лејкерс
3.Чикаго Булс 1990/91 (15-2)
Пат до титулата :
Прва рунда : 3-0 против Њу Јорк Никс
Полуфинале на Истокот : 4-1 против Филаделфија
Финале на Истокот : 4-0 против Детроит Пистонс
Финале : 4-1 против Лејкерси
2. Филаделфија Севенти Сиксерс 1982-83
Пат до титулата :
Полуфинале на Истокот : 4-0 против Њу Јорк Никс
Финале на Истокот : 4-1 против Бакс
Финале : 4-0 против Лејкерс
1. Лос Анџелес Лејкерс 2000/01 (15-1)
Пат до титулата :
Прва рунда : 3-0 против Портланд Траил Блејзерс
Полуфинале на Западот : 4-0 против Сакраменто Кингс
Финале на Западот : 4-0 против Спарси
Финале : 4-1 против Филаделфија
0 comments:
Post a Comment