Home » , , » Најразочарувачки плеј-оф тимови во последнава деценија

Најразочарувачки плеј-оф тимови во последнава деценија

Written By Unknown on 26.9.12 | 15:16

НБА лигата е навистина нешто посебно, нешто поразлично од другите. Затоа и го носи мотото „Where amazing happens“, или во превод „Каде што се случува најдоброто“. 

Се одлучивме да ви презентираме една листа на 5-те најразочарувачки плеј-оф тима во последнава деценија. На оваа листа, Далас Маверикс 2010/2011 и Детроит Пистонс 2003/2004 се најизненадувачките шампиони од 2000 година, па се до денес.

5. Сан Антонио Спарс 2010/2011
Сан Антонио Спарс одиграа неверојатно регуларна сезона во 2010/11, а во еден дел од сезоната имаа рекорд од 29-4. Беа недопирливи. Се ширеа дури и гласини дека тие можат да стигнат и до 70 победи во една сезона. Се оладија малку во текот на сезоната, но сепак завршија со рекорд од 61-21.

Секако, завршија први на западот, а тоа им донесе противник од осмото и последно место за првата рунда во плеј-офот - Мемфис Гризлис.

Сан Антонио Спарс - Мемфис Гризлис ... зборуваме за серии што сите очекуваа Спарси лесно да ги добијат и да се прошетаат до втората рунда. Зборуваме за дуел на Спарси, 4 пати НБА шампион, искуство, фантастична регуларна сезона и одлични играчи на ростерот, против Мемфис Гризлис, кои до тогаш немаа победена на ниту еден плеј-оф натпревар во историјата на франшизата.

Сепак, Мемфис ја шокираше светската јавност и ги елеминираше Сан Антонио Спарс по 6 одиграни натпревари. Сан Антонио во тоа време стана само четвртиот тим во историјата на НБА, да како првопласиран во плеј-офот загуби плеј-оф серија од осмопласираниот противник, во случајов Мемфис Гризлис.

Кога поубаво ќе навлезете во сериите, разочарувањето и не е толку големо, со оглед на фактот дека Мемфис излезе да биде добар тим после тоа, а и недостастувањето на Ману Џинобили со го направи своето. Да потсетиме, Ману го повреди лактот во последниот натпревар од сезоната и беше лимитиран во плеј-офот.



4. Лос Анџелес Лејкерс 2003/2004
ЛА Лејкерс беа на врвот на кошаркарскиот свет од 2000 - 2002 година, освојувајќи 3 последователни НБА титули. А и не беше толку тешко за нив. Шекил О'Нил, Коби Брајант и компанијата ќе одиграа стандард - добра сезона, а потоа ќе сменеа костими како што влегуваа во плеј-офот. Едноставно беше невозможно да се запрат Коби Брајант и Шек во врвовите на нивните кариери. 

Сан Антонио Спарс им беа вистинска конкуренција во 2003 година, па Лејкерс се решија да го засилат тимот влегувајќи во новата 2003/04 сезона. Стануваше збор за засилувања кои веќе беа на залезот од своите кариери, играчи како Гери Пејтон и Карл Мелоун. Знаеме дека и двајцата неможеа да освојат титули со Сиетл СуперСоникс, односно Јута Џез, поради доминацијата на Мајкл Џордан и Булс во 90тите години.

Лејкерс одиграа стандардно одлична сезона, а во НБА финалињата се сретнаа со тимот кој растеше - Детроит Пистонс. Во тоа време, Детроит имаше навистина добар тим, кој се засноваше на млад талент.  Детроит конечно ги збришаа Лејкерс од тронот, по 5 натпревари одиграни во Финалињата. Може да се каже дека тоа беше релативно лесна победа за Детроит.

Разочарувањето е во тоа што тимот на Лејкерс составен од Коби и Шек беше страв и трепет во тоа време, а освојувањето на 3 последователни титули само им ја подигнуваше самодовербата. Самодовербаа имаа, дури и се преливаше, а тоа донесе и до ароганција кај членовите на Лејкерс. Играчите беа толку самоуверени, што мислеа дека само ќе се прошетаат низ плеј-офот и ќе ги збришат сите противници. Поразот од Пистонс во Финалињата беше и епилогот од приказната за "другарството" помеѓу Шек и Коби, бидејќи кога маглата спадна после разочарувачкиот пораз, се излезе во јавност. Шек веднаш беше трејдуван во Мајами, а тоа кажува многу. 



3. Кливленд Кавалирс 2008/2009
Во плеј-офот во 2007 година, Кливленд Кавалирс ги поразија Детроит Пистонс во источните финалиња, благодарение на ЛеБрон Џејмс, кој во 5тиот натпревар ни пружи една од најимпресивните индивидуални партии во историјата на плеј-оф натпреварите. ЛеБрон и Кавалирс беа "исчистени" и поразени со 4-0 од Сан Антонио Спарс во НБА финалињата, а тоа значеше дека ерата на ЛеБрон во Кливленд само што пристигнува и изгледаше дека ќе следат неколку титули и доминација на Кливленд во наредните неколку години. 

Откако таа сезона заврши, Бостон Селтикс формираа нова Голема тројка, составајќи ги Кевин Гарнет и Реј Ален со Пол Пирс. Тоа можеби ги одложи плановите за титула на Кливленд во 2008 година, но сепак тие пружија импресивна сезона во 2009 година, со рекорд од 66-16 по регуларната сезона. Се прошетаа низ првите 2 рунди од плеј-офот и лесно ги поразија Детроит Пистонс и Атланта Хокс. Но, следеа финалињата во источната конференција, каде што ги чекаше Орландо Меџик. Орландо ги поразија Кливленд во 6 натпревари и тимот на Кливленд веќе никогаш не беше ист. 

Кливленд Кавалирс во 2009 година беше тим што рушеше се и сешто. Самоуверени од одличната сезона и импресивните победи во плеј-офот, беа замолчени од Орландо Меџик, веднаш што почнаа источните финалиња истата година. Поразот во првиот натпревар ги уништи, но сепак во останатиот тек на сериите се водеше битка. На крајот, Орландо беше тимот што подоцна играше со Лејкерс во големите финалиња во 2009 година.


2. Мајами Хит 2010/2011
Сите знаеме како започна оваа сезона. Се оформи големата тројка во Мајами, составена од Крис Бош, ЛеБрон Џејмс и Двејн Вејд. Но, се стартуваше од ова и ова
Новата голема тројка на Мајами Хит одигра одлична прва сезона во 2011 година, а колку што беа имресивни низ сезоната, уште подобори беа во плеј-офот. По елеминацијата на Филаделфија, Бостон и Чикаго во првите 3 рунди на истокот, Мајами стигна до НБА финалето, каде што ги дочекаа потценетите Далас Маверикс, тим кој претходно со 4-0 го исчисти шампионскиот тим на ЛА Лејкерс. 

Далас рутинирано и лесно ги елеминираше Мајами Хит, а  јавноста беше во шок. Сите очекуваа титула за Мајами, но искуството и воиграноста на Далас дојде до израз, а Џејсон Кид и Дирк Новицки ги освоија своите први прстени. 

Многумина од фановите веднаш ќе не осудат зошто Мајами е воопшто на оваа листа од плеј-оф разочарувања. Но, тимот на Мајами беше дизајниран за победа, за шампионат. Можеби сезона подоцна освоија титула со многу потешка конкуренција во Оклахома Сити Тандер, но супертимот на Мајами беше едноставно понижен во НБА финалињата во 2011 година. 


1. Далас Маверикс 2006/2007
Кога Мајами Хит ги поразија Далас Маверикс во НБА Финалињата во 2006 година, се чинеше дека Далас беше тим на растење. Дирк Новицки играше на врвот од својата кариера, а останатите додатоци во тимот беа само поддршка за Дирк. Кога Маверикс ја започнаа наредната 2006/2007 сезона, имаа катастрофален рекорд по првите 4 натпревари од 0-4. Сите веднаш ги избришаа Маверикс како тим кој расте и ги навредуваа нивните шанси за титула. 
Потоа. Тие. Полудеа.

По старт од 0-4, тие имаа веднаш серија од 12 последователни победи и серија од 13 последователни победи нешто подоцна.  Тоа беше победничка секвенца од сезоната со 38 победи и 2 порази. Покрај останатото, Далас имаше 5 различни серии со 8 или повеќе победи, а сезоната ја завршија со рекорд од 67-15. 

Плеј-офот почна, а Далас како првопласиран тим мораше да се соочи со осмопласираните Голден Стејт Вориорс. Од почетокот се виде дека Вориорс ќе пружат каква - таква конкуренција, а подоцна таа конкуренција се претвори во елеминација на првопласираните Далас Маверикс во 6 натпревари. 

Разочарувањето е во тоа што за разлика од Сан Антонио Спарс во 2011 и Чикаго Булс во 2012, Далас Маверикс имаа толку чудна сезона, а беа и сосема здрави влегувајќи во плеј-офот и пресметките со Голден Стејт Вориорс. Многумина мислеа дека доколку Далас играше со било кој друг тим освен Голден Стејт таа година , тие би ја освоиле НБА титулата. Затоа, респектабилно ги ставаме на првата позиција на оваа листа. 

0 comments:

Post a Comment