Home » , » Кајри Ирвинг спремен за новата сезона

Кајри Ирвинг спремен за новата сезона

Written By Unknown on 26.9.12 | 16:15

Кајри Ирвинг повторно се враќа на тренинзите откако ја искрши раката пред 2 месеци, а за прв пат беше назад на тренинг во понеделникот, каде што одржа 5-на-5 мини - натпревар.

Кајри ја скрши својата рака во една гимнастичка сала во средно училиште во САД на 14. Јули. Тој фрустирачки ја удри својата рака во ѕидот, по лошо додавање до руки центарот на Кавалирс Тајлер Зелер. 

Благодарение на скршеницата на десната рака, Ирвинг работеше со левата рака, што значи дека дриблинзите со несвојствената рака му се подобрени. 

“Неможев да си ги завршам врвките. Имаше многу работи што неможев да ги правам, практично бев ограничен. Но мојот најдобар пријател и такто ми беа покрај мене, па многу ми помогнаа.“ - изјави Кајри Ирвинг.

Ирвинг беше насловен за Дебитант на минатата сезона, по 18.5 поени и 5.4 асистенции по натпревар.  Тој влезе во дружина со Меџик Џонсон, Оскар Робертсон, Ален Ајверсон и ЛеБрон Џејмс, како единстевени први пикови на драфтовите со барем 18 поени и 5 асистенции по натпревар во својата руки сезона.

0 comments:

Post a Comment