Home » , » Харден би можел да замине од Оклахома

Харден би можел да замине од Оклахома

Written By Unknown on 18.9.12 | 20:52

Иако покрај Дурант и Вестбрук, Харден со својот допринос од клупата е најзаслужен што Оклахома Сити Тандер успеаа да стигнат до самото НБА финале. Сепак, можна е опцијата тој да си замине од тимот. 

Тандер се одлучија да му понудат максимален договор на Ибака наместо на Харден, а со тоа шансите за договор со Харден се минимални, со оглед на тоа дека Оклахома е меѓу 4-те најмали пазари во НБА.

Иако од Оклахома Сити сакаат да го задржат најдобриот 6-ти играч за минатата сезона, сепак комбинација од надминување на селери-капот, како и малиот пазар во Оклахома може да придонесат Харден да ја смени средината веќе во Јануари. Оклахома има шанса да потпише договор со Харден се до 31. Октомври, инаку наредната година ќе биде ограничен слободен агент.

Со просек од 16.8 поени по натпревар во минатата сезона како резерва, секако дека интересот за неговите услуги ќе биде голем. Моментално, Оклахома има потег за фрлање.

0 comments:

Post a Comment