Home » , » Џ.Р. Смит мисли дека МекГрејди ќе им помогне на Никс. Сериозно ?!?

Џ.Р. Смит мисли дека МекГрејди ќе им помогне на Никс. Сериозно ?!?

Written By Unknown on 18.9.12 | 20:45

Често се случува играчите да бидат преценети на освнова на тоа што биле порано, а не по актуелната форма. Па затоа видете што Џ.Р. Смит изјави за „New York Post“ во врска со донесувањето на Трејси МекГрејди во Њу Јорк Никс.

На прашањето поставено од „The Post“ дали Т-Мак може да придонесе многу за тимот, тој одговори :

“Дефинитивно. Т-Мак секогаш бил елитен играч во лигата. Секоја помош ни е добредојдена во било која област од тимот. Кога и да се спомне некое големо име како него дека е заинтересирано да му помогне на овој тим, тогаш преостанува да си ја завршиме нашата работа и да го зграпчиме во нашиот состав.”

Сепак, повеќето аналитичари не мислат така со оглед на тоа што последно нешто што се слушна околу него е неговиот отпор против Јута Џез во плеј-офот 2008 година. Но, МекГрејди својата шанса ја гледа како замена на Рони Бруер и Иман Шамперт, кои се опоравуваат од повредите (Бруер има шанси да го фати почетокот на сезоната, а Шамперт се очекува да се врати во јануари 2013-та).

Трејси МекГрејди сеуште го нема загубено чувстовото за игра.

Но сепак, не може да се споредува МекГрејди во 2012 со оној во 2006, 2004, 2002 .... Тоа е одамна и зад него се многу повреди, кои буквално ја засенија светлата страна на неговата кариера. За жал...

0 comments:

Post a Comment