Ајван Џонсон ќе се врати наредната сезона во дресот на Атланта Хокс и ќе биде еден од клучните играчи од клупата, но сепак ќе биде слободен агент повторно наредното лето.
Откако не успеа да се согласи со таборот на Хокси за да потпише повеќе - годишен договор, Џонсон ќе продолжи со Атланта на само една година. Тој ќе заработи 962 илјади долари за една сезона, откако повторно ќе биде на листата на слободни играчи наредната година.
Џонсон минатата година имаше импресивна руки сезона со Хокс, а држеше просеци од 6.3 поени и 4 скока по натпревар, во главно од клупата. Беше и Дебитант на месецот во Април, а тоа ветува само подобра сезона во втората година од неговата НБА кариера.
0 comments:
Post a Comment