Тајрик Еванс беше дебитант на сезоната 2009/2010, а беше и еден од ретиките дебитанти што во својата прва сезона постигнувале просеци од 20.1 поени, 5.3 скока и 5.8 асистенции по натпревар.
Но, во последните 2 сезони не беше баш оној познат Тајрик Еванс -- освојувачот на наградата Руки на годината. Факт е дека се мачеше со повреди, но никогаш и не успеа да обезбеди опасно офанзивно оружје, како на пример ефективен скок-шут.
Наредната сезона е можеби најважната сезона во неговата кариера. Од оваа сезона зависи дали ќе продолжи со Сакраменти Кингс. После оваа сезона станува и слободен играч, а тука стигнува и прашањето дали Кингс ќе му понудат нов договор, ќе го трејдуваат или пак ќе му дозволат да си отиде како слободен играч.
Затоа, оваа сезона е зависна во однос на тоа каде ќе ја продолжи својата кариера, а и колку ќе биде платен понатаму.
Еве што изјави Тајрик Еванс во интервју за „Yahoo Sports“ :
“Примав многу критики последново време за тоа дека не можам да се справам со повредите и дека не играм како во мојата руки сезона. Тоа што сакам е да се направам силен кам-бек оваа сезона и да им покажам на луѓето дека немам изгубено чекор.“
Еванс исто така изјави дека работел многу ова лето, а и неговиот ГМ Гоф Петри го поддржуваше. Секако, да најдете играч кој вели дека работел силно преку лето е многу лесно, па останува да видиме.
0 comments:
Post a Comment