Кенјон Мартин не е заинтересиран за минимален договор
Written By Anonymous on 19.9.12 | 16:43
Кенјон Мартин се врати од Кина минатата година и остави доста добра трага со Клиперси.
Одигра одличен пле-јоф, а даде и голем придонес во победата над Мемфис во првата рунда од плејофот. Сега на 34 годишна возраст, тој и натаму е способен да скока, има солиден шут од поле и не сака да биде без тим.
Мартин и натаму е во слободната агенција неколку месеци. Сеуште не се знае каде ќе игра следната сезона доколку игра.
„MSG Networks“ пренесуваат:
“Кенјон Мартин е играч кој добро би се вклопил во Никс, но проблемот е што К - Март не сака да игра за ветерански минимум. Неколку тимови се заинтересирани за него, а меѓу нив се и Селтикси. Останува да видиме што ќе се случи.“
!–->!–->
0 comments:
Post a Comment