Home » , » Данкан и Гарнет нема да бидат трејдувани според новите договори

Данкан и Гарнет нема да бидат трејдувани според новите договори

Written By Dragan on 19.9.12 | 16:25

Двете легенди Кевин Гарнет и Тим Данкан се потпишаа нови договори со Бостон Селтикс, односно Сан Антонио Спарс. Тие потпишаа што е можно полесни договори, за да го отворат финансискиот пат за своите тимови во иднина. И двајцата се жртвуваа за своите тимови. 

Но, и двајцата добија нешто за возврат. Нема да бидат трејдувани во текот на договорите со своите тимови. 

Ова беше објавено од страна на Марк Дикс, човек кој е најзапознаен со договорите на НБА играчите. 

Коби Брајант, Дирк Новицки, а сега и Тим Данкан и Кевин Гарнет се четворицата играчи во НБА лигата со таков договор. 

Секако, сите овие играчи се икони на своите франшизи и тимот никогаш не би сакал да ги трејдува. 

И Данкан и Гарнет потпишаа 3 - годишни договори ова лето со Спарс и Селтикс. Ова најверојатно се последните договори што Тими и КГ воопшто ги потпишале за некој НБА тим како играчи. 

0 comments:

Post a Comment